Заев: Пописот е задолжителен и е насушна потреба

Пописот е насушна потреба и верувам дека ќе биде спроведен од 1 до 21 април како што е замислен. Сега постои Закон за попис, го спроведуваат институциите и е задолжителен и има казни ако не се почитува, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Пописот треба да се спроведе затоа што е обврска и заради тоа што сме единствена држава во Европа која нема направено попис, заедно со Сомалија и не знам кои други држави. Срамота е после 18 години уште да правиме експеримент дали треба да има попис во државата или не. Пописот не е за да се попишат политичките партии или политичарите во државата, туку е заради граѓаните. Опозицијата вели кога ќе дојдеме на власт ќе направиме нов попис. Нема проблем, зашто државата во 2031 година пак ќе прави попис и ќе видиме кој тогаш ќе биде власт, изјави Заев во одговор на прашање по увидот на вселувањето на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во новата зграда.

Тој нагласи дека ги слушаат барањата на опозицијата и се прават напори да ги земат предвид иако, како што потенцира, понекогаш не ја гледа рационалноста. Заев истакна дека со меѓународните партнери Владата бара донација за најмалку 5.000 апарати за отпечаток од прст, за да може да биде вградeно и тоа барање на опозицијата, додавајќи дека не му е јасно како ќе се зема отпечаток од прстот од иселените граѓани или од децата под 18 години.

– Во Република Северна Македонија е дозволена бипатридност, односно двојно државјанство и секој што е граѓанин на државата е нејзин државјанин. Прашање е само дали живее тука или е иселен повеќе од една година. Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека е нерезидент и се попишува како граѓанин на Северна Македонија иселен повеќе од една година. Сите други што се во државата се сметаат за резиденти кои живеат во државата. Тоа е јасно решено за сите етнички заедници и ја прави беспотребна која било калкулација и нема никаква ретроактивност, бидејќи се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно што е менлива величина, рече Заев.

Премиерот посочи дека годинава може 20 отсто од една етничка заедница во државава да бидат надвор од земјава, а догодина плус 20 отсто од нив да бидат дома, бидејќи, како што рече, светот е глобално село. 

Тагови
реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Македонија

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more
 

Вести

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе