Заев: Северна Македонија и целиот регион немаат друга алтернатива освен членство во ЕУ

Охрид, 10 ноември 2019 (МИА) – Република Северна Македонија и целиот регион немаат друга алтернатива освен членство во Европската Унија, рече премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата во Охрид по завршувањето на вториот состанок во рамки на иницијативата за регионална соработка.

-Пред неполни два дена сите бевме на состанок во Женева и имавме можност да слушнеме од највисоките претставници на Франција дека таа не е против проширувањето на ЕУ и дека не нуди алтернатива за нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ, а верувам дека и целиот регион нема друга алтернатива освен членство во Унијата. Но, во тој дел тоа што денеска го работиме е секако да ги искористиме сите потенцијали и можности кои ги имаме пред нас и да го унапредиме квалитетот на живот во целиот регион. Да го доближиме целиот регион и да ги искористиме сите потенцијали што ќе донесе добар живот за сите во целиот регион, рече Заев.

Верувам, додаде премиерот, дека со оваа иницијатива се испраќа многу позитивна порака до земјите членки на ЕУ, дека со зголемување на соработката во регионот со уште подостоинствено внимание треба да се фокусираат овде и да дадат можност за забрзување на процесот на интеграција на целиот регион во Унијата.

– Верувам дека тоа го заслужуваме и дека тоа што го работиме е во полза на целиот регион, но верувам дека е во полза и на Европската Унија, рече Заев.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе