Зајкова: Не само апанажата, треба да се укинат и паушалите кои достигнуваат 4 просечни плати

Пратеничката од редовите на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, вели дека покрај апанажата треба да се укинат и паушалите кои ги земаат функционерите.

„Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото“, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкован на гостувањето воемисија „За или против“ на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите што ќе поднесат оставка или ќе бидат разрешени.

„Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, треба да ги отвориме и другите прашања, а тоа е колку во институциите има управни и надзорни одбори каде што членуваат луѓе кои што согласно законите земаат до 4 просечни плати, отприлика околу 150 до 200 илјади денари паушал за само едно појавување на седница на Управен одбор“, додаде таа.

Зајкова посочи дека имаме низа на агенции, тела кој што јавноста воопшто не ги познава, а земаат огромни примања.

Уставниот суд минатата недела го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, односно се губи правото на апанажа.

Оттаму објаснија дека укинувањето на членот 22 значи дека пратениците, функционерите и раководните работници кои поднеле оставки или се разрешени од должноста пред истекот на времето за кое се избрани, именувани или назначени, нема да ги имаат сите права како останатите вработени, вклучувајќи го и правото на надоместокот, популарно наречен апанажа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе