Започнува втората сезона на регионалниот eSport гејминг турнир

  • Пријавувањето е отворено од 25-30 април, а натреварите започнуваат на 15 мај
  • Целта на натпреварот е поврзување на младите од Европа и од светот

Започнува втората сезона на Telekom eSports Championship, повторно во организација на Македонски Телеком, Хрватски Телеком и Црногорски Телеком. Оваа година, освен натпреварувачите од Македонија, Хрватска и Црна Гора, во натпреварувањето ќе можат да учествуваат и играчи надвор од Адрија регионот, односно од други држави во Европската Унија, Велика Британија и Швајцарија. Пријавите се отворени од 25-30 април на esports.telekom.com а учесниците ќе се натпреваруваат во три игри: Counter-Strike: Global Offensive, FIFA23 и League of Legends.

Целта на овој турнир не е само играње видео игри, туку и поврзување на младите од Европа и светот, без разлика на културолошките разлики, земјите од кои доаѓаат и јазикот на кој зборуваат. Наспроти распостранетото мислење дека младите сè повеќе се повлекуваат онлајн поради новите технологии, Телеком преку овој натпревар сака да ги разбие предрасудите и да покаже дека е-спортот ги поврзува луѓето, поттикнува градење вештини, гради позитивни односи меѓу играчите и создава заедници со меѓусебно разбирање и поддршка.

Минатата година на турнирот учествуваа 1366 натпреварувачи, а наградниот фонд изнесуваше 21 800 евра, колку што изнесува и оваа година. Турнирот започнува на 15 мај, а финалето ќе се одржи во Загреб на 10 јуни.

„Е-спортот не е само игра, туку заедница која ги поврзува младите, место каде се градат пријателства, стратегии и победи, и начин да се премостат сите граници. Искрено се надеваме дека Telekom Еsports Tурнирот ќе прерасне во традиција и предизвик за сите гејмери од регионот и пошироко.“ - изјави Радмила Димова, раководител за маркетинг комуникација и бренд.

Повеќе информации за Телеком eSport Championship можете да најдете на esports.telekom.com.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе