Објавен е трејлер за новиот филм „Thunder Force“, во режија на Бен Фалконе, а главните улоги ги толкуваат Мелиса Мекарти и Октавија Спенсер.
„Thunder Force“ е комедија за најдобри пријатели кои стануваат суперхероини.
Трејлерот открива како Лидија (Мелиса Мекарти) повторно се наоѓа со нејзината најдобра пријателка од детството Емили (Октавија Спенсер).
Емили во меѓувреме станала успешен научник и создала технологија која на обичните луѓе им дава супермоќи.
Лидија случајно ја зема формулата што дава супермоќи, ненамерно создавајќи го првиот „суперхеројски тим“. Кога ќе се појави нов негативец познат како „Кралот“, пријателките се здружуваат за да го спасат градот.
Филмот ќе биде достапен на Netflix од 9 април.