Застанете на вага - авиокомпаниите имаат нови правила

Авиокомпаниите преземаат бројни мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирус и да го обноват летањето.

Сепак, некои од мерките може да ги налутат патниците, бидејќи некои авиокомпании ќе побараат од покрупните патници да се измерат на лице место или да донесат документ што ја потврдува нивната моментална тежина.

Неодамнешниот предлог, испратен до советодавниот дел на Федералната администрација за авијација, се обидува да обезбеди податоци за тежината на одредени патници, бидејќи, како што се наведува, сегашните документирани бројки не ги поддржуваат оние што се во согласност со стапката на дебелина во Соединетите Американски Држави.

Ова истражување треба да осигура дека авионите, особено помалите, не ја надминуваат стандардната дозволена тежина за непречено функционирање на авионот.

Поедноставно, Федералната администрација сака да открие колку Американците се здебелиле во последно време, со цел да спречат потенцијално оштетување на авионот за време на полетувањето, бидејќи телесната тежина значително влијае на тоа.

Како ќе функционира мерењето на тежината?

Според препораката во објавата на специјализираната публикација AirInsight , од авиокомпаниите ќе биде побарано да направат истражување, со кое би се утврдила „просечната телесна тежина на патниците“. Ова истражување ќе важи за патниците и екипажот на авионите, а испитаниците ќе бидат избрани по случаен избор. Исто така, тежината на куферот на патникот ќе биде вклучена во вкупната просечна тежина што може да ја поднесе авионот.

Со цел да се добијат валидни резултати од истражувањето, патниците, пред да се качат во авионот, треба да се измерат, односно да застанат на вага, со цел да се утврди нивната тежина.

Доколку одредена авиокомпанија не може да обезбеди услови за мерење на телесната тежина на патниците, работниците на таа компанија ќе бидат обврзани да го прашаат секој поединечен патник, пред качување, која е нивната тежина, додавајќи 5 килограми за гардероба.

Иако телесната тежина е дел од приватноста на секоја индивидуа, авиокомпаниите се потрудија да ја задржат бројната вредност на телесната тежина на секој поединец недостапна за пошироката јавност, па ќе биде позната само за анкетарите.

За среќа, од патниците нема да се бара да ја прифатат оваа анкета, сепак, повеќето авиокомпании препорачуваат да учествуваат во овие истражувања, со цел да се добијат поверодостојни резултати од истражувањето.

Со цел да се подобрат упатствата за „просечната тежина на патникот“, авиокомпаниите ќе треба да ја зголемат просечната тежина на возрасен маж и рачен багаж на 87 кг во лето и 89 кг во зима, што би значело дека стандардната граница е поместена за 10 кг.

Што се однесува до возрасните жени, сегашната граница ќе се движи од 66 кг на 81 кг во текот на летото, а во зима од 69 кг на 84 кг. Се разбира, тука е вклучена и тежината на рачниот багаж.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе