Затворени поголемите хотели на Охридското Езеро до средината на март

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработените во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70% плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери - ХОТАМ, Крсте Блажески.

Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.

– Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот, информира Блажески.

Повторно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија...

Интересот за летување на охридското крајбрежје посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид-пандемија.

– Интересот е како минатите години. Договорите со странските тур-оператори остануваат, нема видливо зголемување. Со оглед на сите поскапувања, во енергијата, храната и сѐ останато и цените на сместувачките капацитети, остануваме како поефтина дестинација од соседството, истакна Блажески.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе