ЗЏМ реагира на „неоснованите тврдења“ од страна на Филхармонија

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, излезе со реакција на, како што вели, „неоснованите тврдења“ од страна на Филхармонија.

Оттаму велат дека, во контекст на едноставно објаснување на настаната ситуација, по одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија, сакаат да појаснат неколку точки, почнувајќи со изразување благодарност на одлуката на Министерството и Владата за времено сместување на Оркестарот во просториите на Филхармонија, како и до колегите од регионот и целата македонска јавност за нивната поддршка.

„Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со Биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа.  За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани“, велат од ЗЏМ и додаваат дека во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, дошле до сознанија дека„ можеби целиот концепт за нивното евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегле и „сите неосновани реакции“.

Велат декаа тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни и дека секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 - 20 музичари.

„Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи. Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма“, нагласуваат од ЗЏМ во нивната реакција.

Понатаму објаснуваат дека ги даваат овие појаснувања со цел да помогнат во тековниот процес, и да ја објаснат  целата ситуација „која изгледа дека е излезена од вистинскиот контекст, со надеж дека ќе следи процес на смирување на страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работиме заедно долг временски период, а сакаме да продолжиме да соработуваме и во иднина“.

Од ЗЏМ додаваат дека очекуваат од Министерството за култура да продолжи со активностите до конечно оформување на институцијата, со цел поскоро започнување на нивната официјална концертна дејност. 

Тагови
реклама

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе