Зелен хуман град против висококатници спроти ГТЦ, жители на Ново маало бараат да се градат

Висококатниците кои треба да се изградат на паркингот спроти Градскиот трговски центар ќе доведат до поголемо загадување, а овој предел ќе биде најгусто населен регион во светот и ќе има крајно нехумани услови за живот, порачаа Зелен хуман град и граѓанската  иницијативата Шанса за Центар на вечерашниот мирен протест пред Основното Јавно обвинителство.

Тие испратија порака до Јавното обвинителство, иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата по однос на изградбата на висококатниците конечно да има завршница.

– Од мај годинава досега тие немаат никакво известување за јавноста односно никаков напредок во предметот. Ако сакаме да спречиме корупција, ако сакаме да спречиме злоупотреба и оштетување на граѓаните во оваа земја, едноставно не може органите на државата да постапуваат на овој начин и да ги штитат инвеститорите. Не смеат да го штитат крупниот капитал, а да работат на штета на скопјани. Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, но изгледа за да може да ни го сервира Скопје 2022, истакна активистката Драгана Велковска.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

На протестот беше истакнато дека постои сомнеж за корупција и злоупотреба на службената положба.

– Она што почнува да се гради спроти Холидеј Ин според Државната комисијата за спречување корупција е нелегално, постои сомнеж за злоупотреба на службената положба, постои сомнеж за корупција. Никој не знае како Министерството за транспорт и врски во 2018 продало над 9.000 квадратни метри државно земјиште во време кога ДУП-от не се спроведува за таа парцела. Ние ги бараме тие одговори и од Министерството за транспорт и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, додаде Велковска.

Според архитектот Даница Павлоска, овој проблем ги истакнува слабостите на правниот систем и притоа гради култура на непочитување на државата.

Дел од жителите на Ново маало, пак, со соопштение до јавноста реагираа на протестот истакнувајќи дека проектираното решение од страна на инвеститорот гарантира урбано и зелено домување, но и фер обесштетување, како и дека протестот е поради политички цели.

– Потсетуваме уште еднаш дека тригодишниот мораториум во 2017 потпишан од тогашната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева беше прогласен за неважечки од Уставниот суд во декември 2020 година, а воедно и дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија на ДУП-от како неоснована. Зелен хуман град и останатите лажни борци за екологија немаат апсолутно никакво право да одлучуваат во име на нашите имоти, ниту постои правен основ врз кој би можело да дојде до спречување на проектот, се наведува во соопштението.

Додаваат дека треба да престане да се врши притисок врз ОЈО, Општина Центар и Државната комисија за спречување корупција.

Remote video URL
реклама

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе