Зеленски добил порака од Путин: Драги брате, да ти пренесам нешто...

Претседателот на Гвинеја-Бисао му пренесе важна порака на Володимир Зеленски од неговиот руски колега Владимир Путин.

Умаро Мохтар Сисоко Ембало, претседател на Гвинеја-Бисао, во вторникот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од него да му пренесе „порака“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски за важноста на „директниот дијалог“ меѓу Москва и Киев, пренесува RT. Ембало го откри ова на заедничката прес-конференција со Зеленски во Киев, еден ден по средбата со Путин.

„Драги мој брате, синоќа бев во Русија со претседателот Владимир Путин, кој ме замоли да ви дадам порака, да разговарам со вас, имајќи предвид дека директниот дијалог е многу важен за нашите идни заеднички акции“, рече Ембало.

Снимка од прес-конференцијата за новинари е објавена на Telegram каналот на Зеленски, а говорот на Ембало е преведен на украински јазик. Путин го објаснил отсуството на мировните преговори со Украина, а претседателот на африканската држава открил дека себеси се гледа како „носител на одредени импулси“ придонесувајќи за обновување на односите меѓу Русија и Украина.

Пред состанокот со Зеленски, Ембало на новинарите им рекол дека смета дека Путин е „доста отворен за преговори со претседателот Зеленски“ и дека се радува на „пренесувањето на оваа добра волја“ до украинскиот лидер. Зеленски, одговарајќи пред новинаритре за изјавата на Ембало, рекол дека за изградба на мостови помеѓу двете земји „не треба инфраструктурата да се дига во воздух“.

Очигледно, Зеленски алудирал на бомбардирањето на украинските електрани, кое Русија го почна на 10 октомври, во она што Москва го опиша како одмазда за „териристичкиот напад“ на Киев врз Кримскиот мост. Украинскиот лидер исто така рече и дека секој разговор подразбира почитување на една земја кон друга, почнувајќи од почитувањето на „нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и граници“.

Претходно месецов, како причина за отсуството на преговорите помеѓу двете земји Путин го наведе одбивањето на Украина да разговара. Исто така, забележал и дека за време на преговорите кои беа посредувани од страна на Турција кон крајот на март, Русија и Украина постигнале прелиминарен договор, но штом руските трупи се повлекле од Киев „раководството на Киев изгубило секаква желба за разговор“.

реклама

Кружен ток не е за секој

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од COVID-19

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе