Земја во фокус – Чешка на 13-тиот МакеДокс

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во Europe House Скопје.

Програмата Земја во фокус ќе се одвива со тематски наслов „Чешки филмски експеримент – два, нула, два, два“ и ќе опфати 8 долгометражни и неколку кратки, анимирани и доку-анимирани филмови кои ќе ја претстават најновата чешка документаристичка сцена, доловувајќи ѝ ги на публиката на МакеДокс атмосферата и темите што ги интересираат авторите на чешките документарни филмови, нивниот начин на работа, како и односот кон протагонистите и развојот на првичната идеја до филм како целосно дело.

Време на промени, историски и политички превирања, пандемии, научни откритија, експерименти, авантури – се теми што ги обработуваат најновите чешки документарни филмови. Интересен е фактот што најголем удел при продукцијата на овие чешки документарни филмови има Чешката национална телевизија, која очигледно сè уште покажува особен интерес за презентирање на овие социјални и општествени проблеми и настани на граѓаните и се јавува како главен продуцент во најголем број од документарните филмови.

Програмата ќе почне на 19 август, со проекција на филмот „Рене - Затвореник на слободата“ (Чешка, 2021, 102') на режисерката Хелена Тшештикова, една од најзначајните авторки во чешката документаристика и „мајка на тајм-лапс документарецот“. Таа на 20 август во Europe House Скопје ќе одржи мастерклас на кој низ разговор со Туе Стен Милер ќе ги сподели своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години.

Програмата Земја во фокус – Чешка е поддржана од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Чешки центар - Софија и Сивус - Групација Арикома.

Remote video URL

Фестивалската програма на 13. МакеДокс ќе се прикажува на 4 локации, и тоа во Куршумли-ан, плато пред Куршумли-ан, МКЦ и Europe House Скопје.

Тринаесеттото издание на МакеДокс е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на 13. МакеДокс се: Кајгана Медиа, Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк, Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Еспресо.мк.

Тагови
реклама

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе