Жежок Нептун: Има атмосфера и на 1.600 степени Целзиусови

Тим астрономи од Универзитетот во Канзас открија докази за атмосфера околу екстремно жешката егзопланета.

Егзопланетата е „Жешкиот Нептун“, џиновска планета со маса слична на Уран или Нептун, која орбитира толку блиску до својата ѕвезда, што нејзината површина е изложена на огромни количини на зрачење. Општо земено, овие типови на планети на крајот се многу потопли од Нептун. Но, има нешто необично во оваа конкретна планета наречена LTT 9779b, или „Жежок Нептун“, која се наоѓа на околу 260 светлосни години од нас.

Анализирајќи ги податоците на вселенските телескопи TESS и Spitzer на НАСА, научниците откриле дека планетата има атмосфера - и покрај високата температура.

„За првпат ја измеривме светлината што доаѓа од оваа планета и според ова таа не би требало да постои“, вели Јан Кросфилд, доцент по физика и астрономија на Универзитетот во Канзас и главен автор на трудот објавен во Astrophisical Journal Letters.

URL

„Оваа планета е толку интензивно озрачена со својата ѕвезда што нејзината температура е над 1.600 степени Целзиусови, а нејзината атмосфера би можела да испари целосно“, додаде тој.

„Сепак, нашите набудувања од Spitzer ни ја покажуваат нејзината атмосфера преку инфрацрвената светлина што ја емитува планетата.“

И покрај тоа што има атмосфера, LTT 9779b би била ужасно место за живеење.

„Оваа планета нема цврста површина и е многу потопла дури и од Меркур во нашиот Сончев Систем - не само што во атмосферата на оваа планета би се стопил и челик, туку и платина и нерѓосувачки челик“, рече Кросфилд.

„Годината на оваа планета трае помалку од 24 часа – толку брзо се движи околу нејзината ѕвезда. Тоа е прилично екстремен систем", додаде тој.

URL

Но, не е толку жешко како другите егзопланети од овој вид.

„Планетата сепак е многу постудена отколку што очекувавме, што укажува на тоа дека го рефлектира најголемиот дел од инцидентната светлина што ја погодува“, изјави коавторот Николас Ковен од Институтот за истражување на егзопланети (iREk) и Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Ова откритие го натера тимот со нетрпение да ги очекува идните истражувања.

„Не би рекол дека сега разбираме сè за оваа планета, но измеривме доволно за да знаеме дека ова ќе биде навистина плоден објект за идни истражувања“, рече Кросфилд.

Remote video URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе