Францускиот фудбалски репрезентативец Оливје Жиру најави дека претстојното Светско првенство во Катар ќе му биде последно во кариерата.
„На првенството доаѓам како играч кој сосема сигурно последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Многу сум мотивиран, како да ми е прв пат. Сакам да уживам во секој момент. И, секако, сакаме да ја одбраниме титулата“, изјави Журу.
„Ќе дадам 200% за тимот. За мене е еден вид благослов што ќе имам шанса да играм за својата земја на трет Мундијал. И натаму сум гладен за трофеи“, додаде 36-годишниот напаѓач.
Франција во Катар ја почнува одбраната на титулата светски шампион во група со Австралија, Данска и Тунис, речиси идентична група како пред четиори години, со само една разлика - тогаш во групата беше Перу место Тунис.