УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Жиру со ножички го реши Атлетико, Баерн шампионски кај Лацио

Баварскиот и лондонскиот тим остварија победи на гостувањата синоќа и со убава предност, особено Баерн, ќе влезат во реваншите.

Челси славеше со минимални 1:0 на гостувањето кај Атлетико, натпревар кој се одигра на неутрален терен на „Арена Национала“ во Букурешт, Романија.

Мрежите мируваа сѐ до 68. минута кога Оливје Жиру со ножички го постигна голот кој го реши победникот.

Далеку поинтересно беше во Рим каде Лацио го пречека актуелниот шампион Баерн.

Актуелниот бранител на тронот во натпреварот влезе решително и го отвори резултатот уште во 9. минута со голот на најдобриот фудбалер за минатата година, Роберт Левандовски.

Во 24. минута 17-годишниот Џамал Мусиала го дуплираше водството, а три минути пред паузата Лирој Сане се погрижи за водство од 0:3.

Само што почна второто полувреме Франческо Ачерби со автогол стави крај на малите надежи на „Бјанкочелестите“. Две минути после тоа, во 49. минута,  Хоакин Кореа постигна почесен гол за домаќините, што на крајот се покажа и како конечен резултат од 1:4.

Вечерва од 21 часот се играат последните два натпревара од осминафиналето, а се среќаваат Аталанта - Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах - Манчестер Сити.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе