Живна Волстрит – значителен скок на Tesla, Microsoft и на Amazon

Цените на акциите на Волстрит вчера забележаа најголем дневен скок во речиси еден месец, што најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите по неколкудневниот пад.

Dow Jones зајакна 1,4 отсто, на 31.581 поени, додека S&P 500 порасна за 1,83 отсто, на 3.979 поени, а индексот Nasdaq 2,14 отсто, на 11.791 поени.

Во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа вчера, а највисоко во услужниот сектор, што укажува на одбранбен пристап на инвеститорите.

Само енергетскиот сектор падна за 1,16 отсто, бидејќи цената на нафтата падна за околу 5 отсто, бидејќи трговците стравуваат од слабеење на побарувачката поради забавувањето на економскиот раст.

По седум дена пад, индексот Nasdaq вчера беше најголем добитник, бидејќи приносите на обврзниците паднаа од тримесечен максимум, што беше од корист за технолошкиот сектор, кој е многу чувствителен на движењата на приносите.

Значителен скок на Tesla, Microsoft и на Amazon

Така цените на акциите на технолошките гиганти, како Тесла, Мајкрософт и Амазон, значително пораснаа.

Но, велат аналитичарите, не станува збор за пресврт на пазарот, кој е под притисок од средината на август, кога стана јасно дека американската централна банка ќе продолжи агресивно да ги зголемува каматните стапки со цел да ја потисне инфлацијата.

„Малку подобрите движења на пазарот на обврзници позитивно се одразија на берзата, но инвеститорите се уште се најмногу загрижени за тоа што ќе направи ФЕД на 21 септември. Така, секојдневно гледаме несигурност на пазарот“, вели Брент Шуте, директор во Northwestern Mutual Wealth Management Company.

Што се очекува од ФЕД?

Низа податоци кои укажуваат на стабилен економски раст ги поддржуваат очекувањата дека ФЕД ќе продолжи агресивно да ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата. ФЕД ги зголеми каматните стапки за 2,25 процентни поени од март и дополнително ќе ги зголеми на состанокот во септември. Се очекува уште едно, трето по ред, зголемување од 0,75 процентни поени.

Се проценува и дека до крајот на годината каматните стапки би можеле да изнесуваат 3,7 отсто, а до март следната година до 4 отсто.

Инвеститорите се загрижени и за енергетската криза, која може да ја доведе економијата на еврозоната во рецесија, како и локдауните во Кина поради COVID-19, што дополнително може да го забави растот на втората по големина економија во светот.

И на европските берзи вчера претпазливо се тргуваше. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,86 отсто, на 7.237 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,35 отсто, на 12.915 поени, а париски CAC 0,02 отсто, на 6.105 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе