По објавата на компанијата Фајзер за новата вакцина против коронавирус, Џон Бел, професор од Универзитетот во Окфорд изјави дека животот ќе се врати во нормала до идната пролет.
Бел важи за еден од најугледните британски медицински експерти и неговите изјави и ставови се почитуваат не само во Велика Британија туку и во многу други земји, пишува BBC.
Тој е воодушевен што вакцината против коронавирус на Фајзер e 90% ефикасна и додаде дека ќе има проблеми за дистрибуција на истата, но дека тие проблеми лесно ќе се решат.
Во интервју за 4 BBC професорот Бел најави дека до крајот на годината во Велика Британија ќе има повеќе ефикасни вакцини против коронавирус.