Зимски чувари на здравјето: Со храна против настинки

Иако изборот на овошје и зеленчук во текот на зимата е малку помал од вообичаеното, сепак има доволно намирници кои се богати со влакна и антиоксиданси, а можете да ги додавате во секој оброк.

За да бидете здрави и успешно да се борите со зимските болести, потребно е да јадете храна од вашето поднебје, по можност свежо зготвена дома, бидејќи правилната исхрана, избегнувањето стрес, доволно сон и умерена физичка активност се она што ви треба за да ја презимите студените месеци без настинки и паѓање на имунитетот.

Сезонското овошје и зеленчук во зима се ограничени, но она што ни е достапно е исклучително хранливо и здраво.

Целер

Овој зеленчук е полн со витамини и минерали. Целерот е одличен избор за зајакнување на нервите, функцијата на мозокот, регенерација на кожата и подобрување на целиот имунолошки систем. Извор е на диетални влакна, витамини К и Б. Содржи флавоноиди кои делуваат како антиоксиданси, а другите хранливи состојки од овој зеленчук го одржуваат здравјето на цревата, црниот дроб, кожата, очите и косата. Се јаде сиров, или се користи во сосови и чорби.

Цвекло

Иако најчесто го јадеме конзервирано и скиселено, штета е да не се јаде цвеклото и на други начини. Одлично е за подигнување на имунитетот и подобрување на крвната слика. Цвеклото е богато со витамини од групата Б и фолна киселина, како и со минерали како што се калциум, магнезиум, железо, селен, јод и калиум. Неговото редовно консумирање благотворно делува на регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Популарно е да се пие како свежо цеден сок, што е и одличен избор на начини за користење на оваа исклучително здрава храна. Додадете цвекло во смути, ставете го во салата или додадете го во пире од компири.

Прокељ

Ќе го најдете на пазар речиси цела зима. Богат со колаген и витамин Ц, прокељот ѝ помага на кожата да ја задржи еластичноста. Бета-каротенот, калциумот, калиумот и фосфорот содржани во прокељот го согоруваат штетниот холестерол. За да ги зачувате сите хранливи материи, гответе го кратко и послужете го со различни јадења.

Цитруси

Во доцна есен созреваат цитрусните овошја како лимони, портокали и мандарини. Цитрусите се богати со витамин Ц и на тој начин не штитат од болести што се појавуваат во ладниот период. Мандарините се богати со витамин Ц, антиоксиданси и лутеин и зеаксантин

Портокалот е одличен извор на витамини и минерали. Содржи и тиамин, рибофлавин, фолна киселина, калиум, калциум и магнезиум. Тој е одличен сојузник во детоксикација на телото.

Со конзумирање на лимон ги запирате болестите како ларингитис, грип, настинки, бактериски инфекции, камења во бубрезите и жолчката, артритис и бронхитис. Содржи пектин, фолна киселина, витамини, фосфор, калиум, калциум, манган и делува превентивно и благотворно на црниот дроб, цревата, желудникот, имунолошкиот, нервниот и кардиоваскуларниот систем. Лимонот го алкализира нашето тело, ја стимулира отпорноста на телото и не чисти од токсините.

Калинки

Покрај цитрусите, во зима е достапна и калинката. Нејзиното секојдневно консумирање го подига здравјето на повисоко ниво, бидејќи го подобрува здравјето на срцевиот систем, благотворно делува на дијабетесот, крвниот притисок, Алцхајмерова болест, плодноста, простатата и го забавува артритисот и стареењето на целиот организам. Може да се додаде во салати и да се направи многу вкусен свеж сок. Калинката е исклучително нискокалорична.

Киви

Кивито е богато со витамини, антиоксиданси и растителни влакна. Најчесто се јаде свежо, што ни овозможува целосно да ги искористиме сите негови благодети, хранлива вредност и ефектот што го има врз нашето здравје. Полно со витамин Ц, ја ублажува кашлицата, кивањето и сите симптоми на настинка.

Ова овошје треба почесто да го купувате и јадете, бидејќи големата предност на кивито во однос на многу намирници е тоа што дополнително не се третира со хемикалии. Кивито има непријатен мирис за инсектите, па затоа секогаш се одгледува „еко“. Го стимулира варењето, го штити срцето, ја прави кожата сјајна, го подобрува расположението и нивото на енергија во телото.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе