Ѕирнете во „тајниот“ магацин за автомобили на Volkswagen кој е затворен за јавноста

Volkswagen е еден од најстарите производители на автомобили и зад себе има многу неверојатни концепти и прототипови. Некои од нив се чуваат во магацинот на VW Classic во Волфсбург, а сега имате можност да ги видите.

Јутјуберот Џамиер Ор ја имаше привилегијата да влезе во магацинот, да ги види и сними фантастичните автомобили Volkswagen од кои има околу 200 под еден покрив.

Ор ја започна својата презентација со ID.R тркачки модели од Goodwood и Pikes Pika, а видеото го прикажува и Golf GTI TCR Mk8. Во декември 2020 година, VW објави дека се повлекува од активностите во мотоспортот што значеше затворање на програмата Touring Car Racing. Автомобилот е целосно камуфлиран бидејќи никогаш не бил официјално претставен, но јасно е дека се работи за „мало чудовиште“.

Дел од колекцијата се и електричните колекции на Golf, а тука е и Golf Cross Country. Голфовите се придружени од седанот Phaeton, како и ретките Beetle RSi и Passat R36. Еден прототип што се издвојува секако е Polo од 1987 година со двоцилиндричен дизел мотор со компресор.

Во магацинот се чува и „Буба“ од 1946 година, една од првите произведени од Volkswagen. Под истиот покрив се наоѓа заборавениот концепт NILS, електричен едносед кој се уште изгледа футуристички иако е стар повеќе од десет години. На видеото се прикажани и два кабриолет Beetle RSi.

Поголемиот дел од колекцијата е претставена со примери на легендарниот голф. Сегашната осма генерација не е неговиот крај, бидејќи и официјално е потврдено доаѓањето на деветтата, која веројатно ќе биде последна со мотор со внатрешно согорување.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе