ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Златната резерва на Ливерпул доаѓа во Милан

Дивок Ориги (26), напаѓачот на Ливерпул и на белгиската репрезентација, на крајот на сезоната, по осум години го напушта Ливерпул и без отштета се сели во Милано.

Ова го пишуваат италијанските медиуми кои нагласуваат дека „Росонерите“ и Ориги се договориле за сè. Што е најважно, Белгиецот потпишува на три години за 3,5 милиони евра по сезона.

Ориги стана познат во Ливерпул како џокер кој одлично ги користи можностите од клупа или оние ретките како првотимец, а незаборавни се неговите два гола за победа од 4:0 над Барселона во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година.

На 171 настап за „Црвените“, тој постигна 40 и намести 17 голови. Сезонава одигра само 533 минути на 14 натпревари, но и со толку скромни минути успеа да постигне пет гола и да асистира за три.

Тој во Ливерпул дојде во 2014 година од Лил со обештетување од 12,6 милиони евра, но оттогаш мина по една сезона на позајмица во Лил и Волфсбург. Transfermarkt го проценува на 12 милиони евра.

За Белгија, Ориги одигра 32 натпревара и постигна 3 гола. Селекторот Роберто Мартинес го врати во националниот тим на крајот на минатата година откако Ориги една година не играше за Белгија.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе