Зголемениот холестерол во крвта е еден од најголемите фактори на ризик за развој на болести на нашето срце и циркулаторниот систем.
Како што предупредуваат лекарите, затоа е важно уште на самиот почеток да се обрне внимание на предупредувачките знаци кои јасно откриваат дека имаме покачено ниво на лош холестерол во крвта.
Високиот холестерол кај луѓето може да го зголеми ризикот од заболување на периферните артерии, предизвикувајќи развој на невообичаени симптоми на стапалото, пренесува Health.
Најчестите симптоми на нашите стапала кои може да укажуваат на покачено ниво на холестерол во крвта се:
секогаш ладни стапала
отекување на стапалата
болки во нозете
хиперпигментација или некои други промени на кожата на стапалата
задебелени или деформирани нокти на нозете.
Иако овие симптоми не мора веднаш да значат дека имаме проблем со висок холестерол, доколку неколку од нив се појават заедно, лекарите велат дека би било добро човек да направи преглед за да се исклучи оваа состојба.