Знаци што покажуваат дека старата љубов уште ве нема преболено

Раскинувањата никогаш не се лесни, ни за оној кој остава, ни за оној кој е оставен. Уште потешко е кога и двајцата сте решиле да се разделите, а уште имате чувства еден за друг.

Иако повеќето раскинувања се конечни и до тој чекор треба да дојдете со внимателно размислување, понекогаш временската и просторната дистанца е токму она што ни е потребно за да сфатиме што сме имале и то сме изгубиле.

Ако ги препознавате повеќето од овие знаци и однесувања кај бившиот/бившата, тоа значи дека уште ве нема преболено и најверојатно сака пак да бидете заедно. Сепак, најдобро би знаеле ако искрено разговарате со него/неа.

Ви го честита роденденот

Само што поминало полноќ и е датумот на вашиот роденден, една од првите пораки со честитки е од него/неа. И тоа не обично „Среќен роденден“ на Facebook, туку лична, длабока и долга порака во која точно знае што да ви посака, бидејќи толку добро ве познава.

Ви праќа покани за журките што ги организира

Ова е вистински знак дека уште сака да го привлече вашето внимание. Оние понезрелите можеби ќе ја злоупотребат приликата да предизвикаат љубомора, но ако ве вика на журките што ги прави, сака да ви покаже дека не пати, ама сака да ве види.

Сака да ви покаже дека се сменил/а

Ако секоја прилика кога ќе се видите или чуете ја користи да ви покаже дека се сменил/а на подобро, тоа значи дека сака да ви докаже дека е вреден/вредна за вашето внимание и време, особено ако една од причините поради кои сте раскинале била неговата/нејзината незрелост или неподготвеност на големи чекори.

Прашува за вас

Ова е малку очигледен, но сепак многу потребен знак дека му/ѝ недостигате и ве нема преболено. Луѓето кои ги прашува за вас се ваши блиски луѓе и тие добро знаат да проценат дали само сака да знае дали сте продолжиле понатаму или навистина е заинтересиран/а како ви е.

Шифрирани сигнали

Еден „посуптилен“ знак дека уште му недостигате е објавувањето песни, цитати или фотографии што очигледно потсетуваат на времето што сте го поминале заедно и имаат врска со вас. Можеби и не сфаќа дека очигледен/очигледна, но ако и вие го забележувате тоа, тоа е знак дека можеби и кај вас уште тлее љубовта.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Љубов и секс

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе