Зоната на смртта на Монт Еверест контаминирана со микропластика

Контаминација со микропластика е откриена во т.н. „Зона на смртта“ на Монт Еверест, на надморска височина од околу 8.440 метри, објавија истражувачите во научното списание One Earth.

Во истражувањето спроведено во 2019 година од страна на британскиот универзитет Плимут, било откриено дека  има 12 микропластични влакна на литар снег од областа Еверест. Најголемите количини (79 микропластични влакна на литар снег) беа пронајдени во базниот камп, каде се сместуваат експедициите во периоди до 40 дена.

Пронајдени се полиестерски, акрилни, најлонски и полипропиленски влакна, а истражувачите сугерираат дека оваа микропластика потекнува од облеката со високи перформанси што обично ја користат алпинистите, како и од шатори и јажиња за качување што се користат во обидите за искачување на планината.

Водечкиот автор на студијата, д-р Имоген Напер, посочува дека најдената микропластика на Еверест е потсетник дека треба да се стори повеќе за да се заштити животната средина.

„Во текот на изминатите неколку години, пронајдовме микропластика во примероците собрани низ целата планета - од Арктикот до нашите реки и морските длабочини. Имајќи го тоа на ум, наоѓањето микропластика во близина на Монт Еверест е потсетник дека треба да сториме повеќе за да ја заштитиме животната средина“, рече Напер. .

Монт Еверест некогаш беше дел од недопрената природа, но планинарскиот туризам значително се зголеми во последните неколку години од првото познато искачување во 1953 година. Бројни авантуристи од странство оставаат зад себе скршени шатори, остатоци од јажиња, пакувања со храна, празни шишиња, конзерви за пиво, шишиња со кислород и човечки отпад.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе