Зошто е неопходно да носите маска и по вакцинацијата?

На вчерашната седница на македонската Влада разгледана е и усвоена информацијата за набавка на 200.000 кинески вакцини. Исто така, Владата преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со Pfizer за 800.000 единечни вакцини од кои првите ќе пристигнат во февруари.

Иако во овој период кај нас вакцинацијата сè уште не е почната, сепак наскоро ќе започне па добро е да се знаат неколку интересни работи поврзани со носењето заштитна маска.

Препораките на СЗО се многу јасни, на сите и понатаму им се препорачува носење маски и избегнување блиски контакти со другите. И понатаму е важно да се одржува физичка дистанца, да се избегнуваат гужви и слабо проветрени простории, често да се мијат рацете. Значи, и по вакцинирањето носете маска и почитувајте ги здравствените препораки.

Иако вакцините се ефикасни повеќе од 90 проценти во спречувањето на симптоми на COVID-19, сепак не е познато дали спречуваат ширење на вирусот на други луѓе. Затоа експертите советуваат сите да продолжат да носат маски, а тоа се подразбира и за оние кои примиле вакцина.

Испитувањата на вакцините следеле само колку вакцинирани луѓе заболеле од COVID-19. Тоа значи дека сосема е можно некои од вакцинираните да се заразат подоцна, но да не развијат никакви симптоми. Тие луѓе би можеле да го пренесат вирусот, без да бидат свесни за тоа. Најголемиот ризик е тоа што  можат да го пренесат и на други кои не се вакцинирани.

Ќе биде потребно време со масовна вакцинација да се постигне колективен имунитет. Маските за лице треба да се носат и поради новите соеви на вирусот.

Постои уште една причина зошто треба да продолжиме со носење маски:

„Во нашето современо општество не вршиме дискриминација според имунолошкиот статус, а етиката на таквото постапување би било лизгав терен. И така е тешко да ги натераме сите да ги почитуваат моменталните прописи за носење маска, а сега имате и луѓе кои се вакцинирани и кои мислат дека не мора да се придржуваат на истите прописи, а тоа ќе направи уште поголем хаос“, вели имунологот и доктор Михаил Тал од Универзитетот Стенфорд.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе