Зошто луѓето во минатото биле преплашени од затемнување на Сонцето?

Затемнувањето на Сонцето во минатото се сметало за лош знак, како и за предвесник на неволји.

Во минатото, луѓето биле најчесто преплашени од овој астрономски феномен, кој се случува кога Месечината во своето патување ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето и делумно или целосно ја блокира сончевата светлина.

Пред науката да објасни како ова се случувало, за старите народи затемнувањето на Сонцето било настан на кој му придавале митолошки и религиски својства, а често се толкувало со пророштва како назнака на лошо време кое доаѓа.

Во стара Кина општо се сметало дека затемнувањето на Сонцето се случува кога небесен змеј го напаѓа и проголтува Сонцето. Кинеските записи за затемнувањето се едни од најстарите во светот и датираат 4000 години наназад, пишува Britannica.

За да го исплашат змејот и спасат Сонцето, луѓето во текот на затемнувањето тропале на тапани и испуштале гласни звуци. Со оглед на тоа дека Сонцето секогаш се враќало по оваа врева, лесно е да се види како оваа традиција опстанала.

Според некои сочувани записи, пред 4.500 години Кинезите и Вавилонците можеле да предвидат кога ќе се случи затемнување на Сонцето. Се сметало дека има врска со здравјето на царот па ако не  предвиделе навреме, тоа било сметано за лош знак.

Легендата вели дека двајца астролози биле погубени бидејќи не успеале да предвидат затемнување на Сонцето. Историчарите и астрономите веруваат дека затемнувањето кое не успеале да го предвидат се случило на 22 октомври 2134 година пред новата ера, што би било најстарото затемнување на Сонцето некогаш забележано во човечката историја.

Инките во Јужна Америка го обожувале Инти, бог на сонцето и заштитник на луѓето. Општо се верувало дека Инти е добронамерен, но затемнувањето на Сонцето е знак на неговиот гнев и незадоволство.

По затемнувањето, духовните лидери се обидувале да го откријат неговиот извор на лутина и да одредат кои жртви треба да ги применат. Иако Инките ретко принесувале човечки жртви, се смета дека затемнувањето повремено се сметало за доволно сериозно тоа и да се направи.

За старите Грци затемнувањето на Сонцето било знак дека боговите се незадоволни и дека ова е почеток на катастрофа и уништување, а често се сметало и за лош знак за владетелот.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Чек дис аут

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more

15 најмистериозни езера во светот

Read more

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе