Зошто не треба да ги скубете седите влакна?

„Секојпат кога ќе скубнете седо влакно, на негово место ќе израснат повеќе“ – сите сме го слушнале овој мит, но дали е вистина?

Се покажа дека скубењето на седите влакна не е добра идеја, но не затоа што ќе ви израснат повеќе.

„Посакувам ова да беше вистина, бидејќи тогаш ќе можевме многу лесно да им помогнеме на луѓето кои се соочуваат со опаѓање на косата“, рече Мирза Батановиќ, стилски директор на професионален бренд за нега на коса.

„Но, со вадење на едно влакно, не се стимулира растот на повеќе, тоа е идеја што нема основа во науката. Нормално е да се губат до 159 влакна на ден, но во основа тие не се поврзани на кој било начин. така што скубењето на едно не влијае на другите“.

Значи, што точно се случува кога ќе скубнете седо влакно за да не морате да го гледате, дури и на кратко? Според Мајкл Ван Кларк, фризер од Лондон, „скубнатото влакно на кое сте му го скратиле животот ќе се одмори  и ќе почне следниот циклус на раст по околу три месеци“.

„Во секој циклус по околу 20 години, косата повторно расте малку потенка и останува малку пократка. Циклусите на косата на главата траат во просек по пет години, а има ограничен број циклуси на раст“, објасни тој.

Освен што ќе скратите еден од тие циклуси, можеби правите вистинска штета што би било тешко да се поправи.

„Скубењето на влакната може да го трауматизира фоликулот на косата, што може да доведе до инфекција, па дури и до ќелави точки“, предупредува стилистката Џенифер Кораб. „Можеби правите повеќе штета отколку добро.“

Седата коса е неизбежен дел од стареењето, па ќе ги забележувате сè повеќе како што поминува времето.

„Меланинот е пигментот кој им дава боја на косата и кожата“, објасни стилистката Хелен Риви.

„Бројот на пигментните гранули природно почнува да се намалува како што старее човекот, обично на возраст од 28 до 40 години. Тоа е затоа што меланоцитите, клетките кои произведуваат меланин, почнуваат да забавуваат и да го губат својот ефект. Косата всушност не е сива, таа е целосно проѕирна. Сивиот тон е всушност процент од останата природна боја на косата, што предизвикува повеќе различни нијанси“, рече таа.

Вашата ДНК и вашиот животен стил играат улога во тоа колку брзо се појавува сивата боја, изјави Хуан Серано, директор за маркетинг на бренд за нега на коса.

„Вашата биолошка градба и генетиката одредуваат кога ќе почне да ви се проседува косата“, рече тој. „Стресот може да го засили или забрза процесот.“

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе