Зошто никако не треба да јадете благо пред спиење?

Премногу шеќер може да доведе до дебелеење, да предизвика кариес како и да го зголеми ризикот од дијабетес. Но, има и еден сериозен ефект, го нарушува вашиот сон така што несоницата ќе ве остави да копнеете по уште шеќер.

Истражување од 2016 година покажа дека луѓето кои консумираат големи количини шеќер имаат тенденција да не спијат длабоко и да покажат поголем немир навечер, а често страдаат и од несоница која може да стане хроничен проблем.

Благото создава енергија и го нарушува сонот

Според клиничкиот психолог Мајк Бреус, специјалист за нарушување во спиењето, премногу шеќер доведува до склоност да се јаде подоцна во текот на денот бидејќи нивото на шеќер во крвта излегува од контрола. Ова негативно влијае на сонот, а вашиот нарушен сон за возврат ќе предизвика уште поголема желба за шеќер.

Тоа наликува на маѓепсан круг.

„Премногу шеќер навечер може да биде штетен по здравјето. Кога ќе изедете нешто благо, нивото на шеќер во крвта расте, а панкреасот ослободува инсулин кој помага шеќерот да се врати во клетките, давајќи им гориво за работа.

Консумирањето шеќер доцна навечер премногу ве стимулира, дава енергија и ве подготвува за активности, но тоа не е она што се обидуваме да го правиме навечер“, објаснува нутриционистот Алекс Еванс.

Според д-р Пол Кели, разумна е тезата дека постои врска меѓу високото внесување шеќери и нарушување во спиењето, но предупредува дека се потребни повеќе податоци пред ова во целост да се дефинира како правило.

Несоницата и желбата за благо се тесно поврзани

„Лошиот сон и консумирањето шеќери или масна храна одат заедно, но постојат докази дека тоа не е секогаш така. Дали јадеме благо за помалку да спиеме или помалку сон нѐ тера да јадеме благо?“, вели Кели.

На просечна возрасна личност потребни се најмалку 7 часа сон навечер. Ако спие помалку, телото ќе бара извори за краткорочно зголемување на енергија, а комбинацијата од лоша исхрана и лош сон штетат на здравјето.

Основно правило е да не јадете два часа пред спиење.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе