Зошто омикрон „не успеа“ на Куба?

Широката распространетост на вакцинација против COVID-19 на Куба и раното воведување имунизација на децата се покажаа клучни во сузбивање на многу заразната варијанта омикрон уште пред таа да се рашири на островот, сметаат локални и меѓународни експерти.

Омикрон на Куба стигна во декември, но забележани се многу поретки случаи за разлика од другите земји, а инфекциите од тогаш се намалени за повеќе од 80%, покажуваат официјалните податоци, пренесе Reuters.

Бразилскиот виролог Амилкар Перес Риверол изјави дека иако бројот на случаи драстично се разликува од земја до земја во зависност од степенот на тестирање, изгледа дека омикрон варијантата има тешкотии да се задржи на Куба или да предизвика смртни случаи или потежок облик на болест.

„Изгледа дека омикрон нема да има ни приближно влијание како што беше случај со делта сојот на Куба, па дури ни влијанието кое го има во другите земји. Ниту пак ќе врши притисок на болничкиот систем како што е во другите земји“, изјави Перес Рвиерол за Reuters.

Особено малите деца станаа повеќе подложни на ширењето на омикрон во многу земји, бидејќи некои вакцини, вклучително оние на Pfizer, Moderna и Johnson & Johnson, уште не се одобрени од страна на здравствените регулатори за деца помали од 5 години.

Куба разви сопствени вакцини против ковид и стана првата земја во светот која почна масовна вакцинација на деца од две години.

Здравствените работници целосно вакцинираа 1,8 милиони деца на возраст меѓу 2 и 18 години или повеќе од 96% од вкупниот број, без пријави за сериозни несакани ефекти.

Едуардо Мартинес, претседател на државната фармацевтска компанија BioCubaFarma соопшти дека ваквата кампања ја издвои Куба во борбата против омикрон.

Локални и странски експерти сметаат дека имунизацијата на децата, широкиот домет на кампањата за вакцинација и распространетиот „хибриден имунитет“ кој доаѓа од комбинација на прележана инфекција во текот на претходните бранови следени со вакцинација исто така помогнаа во спречување на масовно ширење на омикрон на Куба.

Во оваа земја целосно се вакцинирани 87% од популацијата, а скоро 94% примиле најмалку една доза. Кубанските вакцини се од протеински тип и даваат повеќе од 90% заштита од симптоматска болест кога се применуваат во три дози, пренесе Reuters.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе