Зошто постојано сонувате еден ист сон?

Повторувачките соништа не се типични кошмари, тие обично имаат тенденција да бидат негативни, а за нивно надминување е потребен одреден напор.

Може се појават поради различни причини, од прекумерно внесување кофеин до некои долгорочни проблеми што ви се во мислите.

„Повторувачките соништа се најверојатно поврзани со длабоки животни искуства или карактеристични логички дилеми кои сигурно ќе се повторат кога сте будни бидејќи тие се ‘дел од вас’, а не еднократен настан“, истражувачот на соништата Дидре Барет, професорка по психологија на Катедрата за психијатрија на Медицинскиот факултет Харвард.

Со оглед на тоа што нашите соништа обично не се повторуваат, потребно е само да го имаме истиот сон двапати или повеќе за да се смета за повторувачки, објаснува таа. Тие се почести во детството, но може да продолжат и во зрелоста. Исто така, тие не мора да се случуваат последователно - може да се појават неколку пати месечно или со разлика од неколку години.

Специјалистот за медицина на спиење д-р Алекс Димитриу вели дека сè што постојано се појавува вреди да се истражи.

„Како психијатар, јас сум склон да кажам дека има некоја порака што можеби се обидува да ви се пренесе. Одговорот би можело да биде во тоа да сфатиме што е тоа“, објасни тој.

За некои повторувачки соништа, пораката е јасна - ако постојано сонувате дека доцните на училиште или на работа, веројатно често сте нервозни поради тоа што не сте подготвени за тие работи. Додека другите, и покрај нивната вообичаеност, можеби немаат универзално значење, барајќи од вас да направите малку анализа за да дознаете повеќе.

Кога ќе се соочите со повторувачки сон, запрашајте се која би можела да биде пораката.

Каква е вашата врска со работите или луѓето во сонот? Кои се вашите стравови и системи на верување за тие работи? Кои се првите пет работи во вашиот живот кои може да го активираат или се поврзани со него? За што навистина сте загрижени?

Неопходно е да се анализираат соништата

Би било добро да се направи „неформално толкување на соништата“, или сами или со блиска, доверлива личност која може да ја види ситуацијата од друга перспектива.

Луѓето со посттрауматско стресно растројство или анксиозност имаат поголема веројатност да имаат повторливи соништа, особено оние од вознемирена природа, рече Димитриу. Сонот со ПТСН произлегува од толку тешка траума што постојано се враќа како кошмар.

„Мозокот се обидува да среди нешто и да го стави во мирување“, објасни тој.

Понекогаш повторливите соништа може да бидат резултат на состојбата на вашето тело и може да има „активатори“ во околината, како што е аларм на улица или славина што протекува - што може да предизвика соништа со слики од тие работи.

Исто така, вашите повторливи соништа може да бидат резултат на лошата хигиена на спиење. Многу непријатни работи се случуваат навечер кога луѓето се ненаспани, предоцна пијат кофеин или алкохол, работат предоцна или спијат четири часа.

Откако ќе добиете повеќе увид во вашите грижи, пишувањето за нив пред спиење може да биде корисно за ублажување на негативните повторувачки соништа и општо стресот.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Чек дис аут

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Read more

Каков вкус има човечкото месо? Познатите канибали откриваат

Read more

Зошто шишињата за вино не се 1 литар туку 0,75 литри?

Read more

Трикови за брзо чистење намирници што важат за чудни

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе