Со напредокот на технологијата и пристапот до области и длабочини што порано беа недостапни, палеонтологијата како научна област го доживува своето златно доба на откритија.
Во просек, секоја година се откриваат околу 50 нови видови на диносауруси, што нуди можност да ја погледнеме праисторијата како никогаш досега.
Револуционерно се сменија нашите досегашни поимања на тоа како изгледале диносаурусите и како еволуирале, особено во поглед на доказите дека денешните птици се потомци на диносаурусите.
Возбудливо е сознанието колку напредна досега палеонтологијата во споредба со претходните генерации, но уште повозбудливо е она што допрва останува да се открие.