Зошто Том Круз никогаш не стана Iron Man?

Роберт Дауни Џуниор го отелотвори Тони Старк и неговото алтер его Iron Man.

Тој толку добро го одигра ликот што на фановите им е тешко да замислат кој било друг актер во улогата.

Во 2008 година, Iron Man му овозможи на Marvel да застане на нозе и ја создаде основата за создавање на филмскиот свет што денес го знаеме како MCU. Во последниве години, имаше гласини дека Том Круз бил изборот на Marvel уште во 90-тите како актер да го портретира Iron Man.

Бидејќи изборот падна на Дауни и MCU го воведе концептот на мултиверзумот, фановите се надеваа дека конечно ќе го видат Круз како нивниот омилен херој. Сепак, тоа не се случи и секој ден шансите се сè помали.

Сега, во книгата MCU: The Reign of Marvel Studios од Џоан Робинсон, откриено е дека 61-годишниот актер навистина требало да го игра Iron Man. Но, тоа на крајот не се случило поради едно негово барање кое раководителите на студиото не можеле да го исполнат.

„Околу една деценија порано, кога правата на Iron Man беа под 20th Century Fox, тогаш 34-годишниот Том Круз размислуваше за идејата да го игра Тони Старк. Сепак, според Feige, барањата за плата на Круз беа премногу за Fox, кој во тоа време не сакаше да ризикува со непроверен суперхерој“, се вели во книгата.

Очигледно не му беше тешко на легендарниот акционен актер. И покрај одбивањето од Marvel и Fox, тоа никако не му наштети во кариерата која ја збогати со бројни филмови, особено оние од франшизата Mission Impossible. Неговиот претстоен филм Mission Impossible 8 е одложен поради штрајкот на актерите.

Тагови
реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Read more

Филм & ТВ

Потврдено е продолжение на филмот F1: Дали ќе се врати и Бред Пит?

Read more

Како изгледаа првите Том и Џери?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено е продолжение на филмот F1: Дали ќе се врати и Бред Пит?

Читај повеќе

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Читај повеќе

Случајот повторно под лупа: Дали Курт Кобејн се самоуби или беше убиен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бед Бани го сруши рекордот за најгледан настап на полувреме на Супербоул

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледаа првите Том и Џери?

Читај повеќе

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Читај повеќе