Зошто треба често да јадеме храна богата со растителни влакна?

Здравата исхрана вклучува консумирање на сите видови хранливи материи во оброците.

Храната што ја јадеме содржи различни хранливи материи и корисни материи, а влакната се нешто што не треба да го избегнуваме бидејќи имаат многу здравствени придобивки.

Нутриционистката Ловнит Батра посочува дека треба да консумираме од 25 до 40 грама влакна дневно. Внесот на влакна е важен за хормоналната рамнотежа, регулацијата на инсулинот во телото и другите функции.

Како една од најдобрите намирници кои се богати со влакна, нутриционистката ги издвои овошјето, зеленчукот, леќата и интегралните житарки. Таа откри и неколку причини зошто треба често да консумираме влакна.

Батра тврди дека храната богата со растителни влакна, особено растворливите влакна, го намалува воспалението во организмот.

„Со намалување на воспалителните маркери, влакната можат да помогнат во балансирање на хормоните кои се погодени од воспалението, како што се кортизолот и инсулинот“, објаснува таа.

Кога станува збор за регулирање на инсулинот, влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот во крвотокот, спречувајќи скокови на шеќерот во крвта.

„Ова може да помогне да се регулира производството и чувствителноста на инсулин, да се промовира подобра контрола на шеќерот во крвта и да се намали ризикот од отпорност на инсулин“, додава нутриционистката.

Слично е и со регулирањето на нивото на кортизол. Храната богата со растителни влакна може да помогне во „модулирање на нивото на кортизол“ преку промовирање на стабилни нивоа на шеќер во крвта и намалување на стресот на телото. Регулирањето на нивото на кортизол може да ги ублажи негативните ефекти од хроничниот стрес и да ја поддржи здравата функција на надбубрежните жлезди.

Влакната делуваат како пребиотик, хранејќи ги добрите бактерии во цревата.

„Здравата рамнотежа на цревните бактерии е неопходна за целокупната хормонална рамнотежа. Влакната го поддржуваат растот на добрите бактерии и можат да влијаат на нивото на хормоните во телото и да промовираат здрав метаболизам“, тврди нутриционистката.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе