Зошто вашиот сопруг гледа други жени онлајн?

Навистина е супер да се живее во ера на технологијата, интернетот и смартфон уредите, со кои буквално светот ни е да дофат. И навистина животот е полесен со сите овие апликации кои ни заштедуваат време за многу работи, но што кога интернетот ќе ви стане најголем непријател?

Гледајќи од страна, вашиот сопруг изгледа совршено, но колку пати досега сте го фатиле како разгледува профили на други жени онлајн? Дали тоа значи дека повеќе не го привлекувате или планира да ве изневери? Дали е тоа само машка љубопитност и колку се разлика од тоа да ги гледа во живо?

Ако сакате да дознаете што го тера еден маж да гледа во други жени онлајн, прочитајте ги овие можни причини за тоа:

Размислува за неверство

Искрено, ако вашиот сопруг гледа други жени на интернет, големи се шансите да чувствува сексуална привлечност кон нив. Можеби мечтае за секс со нив или мастурбира покрај нивните фотографии. Во секој случај, размислува за неверство. Кога би му се укажала прилика, не би размислувал двапати.

Лоша навика

Важно е да знаете какви жени гледа вашиот сопруг онлајн. Дали се тоа негови пријателки на социјалните мрежи или во прашање се старлети, порно ѕвезди и слични ликови. Ако е во прашање второво, големи се шансите да станува збор за лоша навика која потекнува од деновите пред да стапите во брак. Повеќето мажи првите сексуални искуства ги стекнуваат од гледање порно филмови, па ако таа навика го одвојува од вас и од реалниот свет, тоа е проблем кој бара решавање.

Физичка привлечност и ништо повеќе

Уште една причина поради која вашиот сопруг може да гледа различни жени онлајн е фактот дека тие физички го привлекуваат. Значи, тој не е вљубен во ниту една од нив, ниту планира да ве измами, едноставно тие го возбудуваат. Дали е ова фер кон вас? Апсолутно НЕ!

Иако мажите имаат свои природни инстинкти, кога веќе решиле да се оженат и оформат семејство би требало да имаат малку повеќе самоконтрола и ја почитуваат својата сопруга.

Си ги остава опциите отворени

Сте си ветиле дека ќе бидете верни еден на друг додека смртта не ве раздели? Очигледно тој тоа не го сфаќа буквално како вас. Не е толку сигурен дека е подготвен засекогаш да се врзе само за една личност, иако е во брак со неа. Во суштина, си ги држи опциите отворени.

Можеби сè уште не ве изневерил, но очекувајте дека тоа може да го направи и да ве остави за друга.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе