Зошто затемнувањето на Сонцето е толку ретка појава?

По повод денешното затемнување на Сонцето, нѐ интригира зошто оваа појава не се случува почесто бидејќи Месечината многу пати се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето.

За да можете да го набљудувате овој прекрасен небесен феномен треба да се најдете токму на одредено место на планетава, и тоа токму на одреден датум кога ќе се исполнат барем три астрономски услови за појава на затемнувањето. Низ тоа, секако, треба и да имате среќа со облаците, односно да ви се погоди времето за да можете да гледате на небото.

Секоја еклипса, односно затемнување, настанува кога помеѓу Земјата и Сонцето ќе се најде Месечината, така што делумно или потполно ќе го скрие ликот на нашата ѕвезда, а некаде на површината на планетата ќе падне нејзината сенка.

Во зависност од тоа дали тогаш сте се затекнале токму таму, во месечевата сенка, или во драстично поголемата околна полусенка, кои се нарекуваат умбра и пенумбра, ќе видите како Сончевиот диск е скриен потполно или само делумно, како што е случај и денеска (25 октомври 2022).

Нажалост, доаѓањето на умбра над нашето небо и целосното затемнување повеќето од нас веројатно нема да го дочекаат бидејќи тоа се очекува да се случи кога денешните новороденчиња ќе се подготвуваат за пензија, односно дури на 3 септември 2081 година.

Зошто е тоа така? Зошто затемнувањето на Сонцето не се случува почесто? На пример, еднаш месечно, секогаш кога има млада Месечина?

Ајде да размислиме токму за месечевите мени, за тоа како за време на условно кажано период од 29 дена земјиниот сателит го менува ликот и имињата - млада Месечина, прва четвртина, полна и последна четвртина. Како и да ги наречеме месечевите мени, не би се случувале на овој начин доколку Месечината не би се вртела околу Земјата и не би заземала различни позиции во однос на Сонцето, а токмо поради тоа е и различно осветлена. Кога е млада и невидлива, Месечината за нас е всушност неосветлена бидејќи стои помеѓу Сонцето и Земјата, а кон нас е завртена со својата темна страна.

Епа? Епа, ако еднаш месечно, при секоја млада Месечина земјиниот сателит се наоѓа помеѓу Сонцето и Земјата, зошто тогаш не го затскрива Сонцето за набљудувачите и не се гледа затемнување?

Одговорот лежи во положбата на орбитата по која Месечината кружи околу Земјата. Можеби не сте знаеле, но таа не кружи во рамна орбита како што Земјата кружи околу Сонцето. Од сѐ уште недоволно објаснети причини, орбитата на Месечината е наклонета под агол малку поголем од 5 степени во однос на рамната земјина орбита околу Сонцето. Затоа сенката која Месечината ја прави ја промашува Земјата скоро секогаш освен кога ќе се најде на оние места каде рамнината на Месечината ја сече рамнината на орбитата на Земјата. Тогаш во линија ќе се порамнат сите три тела - Сонце, Месечина и Земја. И тогаш настанува затемнување - соларно (или сончево), и од другата страна лунарно (или месечево), кога Земјата го крие Сонцето.

Во една година може да се случат од 2 до 5 сончеви затемнувања. Меѓутоа, не сите се целосни бидејќи сѐ може да се случи за цеклосно затемнување, но токму Месечината на својата елиптична орбита да биде предалеку за целосно да го скрие Сонцето и потполно да „влезе“ во неговиот лик. Затоа постојат и повеќе видови на затемнување. И сите тие на Земјата можат да се видат од различни локации.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Вести

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Read more

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе