„Ѕвездата на смртта“ на Сатурн крие огромен океан под површината

Сатурновата месечина Мимас е позната по својата неверојатна сличност (по изглед) со Ѕвездата на смртта, огромната воена вселенска станица од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ (Star Wars). Но, неодамна научниците открија уште една интересна работа за овој правлив свет - се чини дека под површината се крие огромен океан.

Астрономите рекоа дека податоците од вселенското летало Cassini на НАСА за ротационото движење и орбитата на Мимас потврдуваат дека има огромно количество вода под слојот мраз дебел од 20 до 30 километри. Она што е особено интригантно е дека овој подземен океан е формиран релативно неодамна во космичка смисла - секако пред помалку од 25 милиони години, или најверојатно пред 5 до 15 милиони години.

„На прв поглед, ова би било последното место во Сончевиот Систем каде што би барале вода. Месечината изгледа стара и неактивна, со огромна количина на кратери“, рече астрономот Валери Лејни од Париската опсерваторија (l'Observatoire de Paris ), како што објави Reuters.

Но, Мимас сè уште е меѓу месечините во Сончевиот Систем за кои постојат силни докази дека тие имаат океани под површината; веднаш до него се Сатурновите Енкелад и Титан и Јупитеровите Европа и Ганимед. Списокот може да се зголеми, имајќи предвид дека некои други месечини изгледаат „сомнително“ во оваа смисла, како Калиста на Јупитер.

Податоци од орбитата

Cassini беше лансиран во октомври 1997 година, но стигна до Сатурн дури во јули 2004 година. Мисијата за проучување на гасниот џин и неговите месечини траеше 14 години, по што на 15 септември 2017 година, леталото го издиши последниот здив и падна во атмосферата на Сатурн.

Иако набљудувањата на ледената површина на Мимас не укажуваат на деформации кои би укажале на скриен океан, по подетална анализа на податоците, научниците утврдиле дека одредени аспекти на неговата орбита можат да се објаснат само со фактот дека има огромна количина вода во лунарната подповршина.

Што знаеме за Мимас?

Мимас е седмата по големина месечина на Сатурн, која има вкупно повеќе од 100 месечини. Некои од нив се огромни; На пример, Титан е поголем од Меркур, додека другите се мали, како градска област. Дијаметарот на Мимас, која не е совршено кружна, е во просек 400 километри.

Плимно е заклучена, односно секогаш е свртена кон Сатурн на иста страна, како што е случајот со нашата Месечина, која секогаш ни го покажува истото лице. Нејзината најистакната карактеристика е огромниот кратер Хершел, поради што наликува на Ѕвездата на смртта.

Течната вода во Мимас сочинува повеќе од половина од нејзиниот вкупен волумен. Со оглед на тоа дека водата е во директен контакт со карпестото јадро на Месечината, според научниците таму би можеле да се случат хемиски процеси поволни за развој на животот.

Единствениот проблем таму е младоста на самиот океан.

„Дури и да постојат главните услови за развој на животот на Мимас - вода, топлина, органски соединенија - проблемот е што океанот е формиран релативно неодамна, а тоа може да претставува одреден предизвик за развојот на формите на живот“, - изјави планетарниот научник Габриел Тоби од француските научни институции CNRS.

„Од друга страна, не знаеме точно колку време е потребно за животот да се манифестира во вистинската средина. Затоа Мимас може да ни понуди единствена можност да ја истражиме првата фаза од развојот на животот“, додаде тој.

Истражувањето A recently formed ocean inside Saturn’s moon Mimas беше објавено во списанието Nature.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе