10 филмови со неверојатни пресврти што ќе ве држат во неизвесност

Годинава голем дел од нас поминаа повеќе време пред телевизиските и компјутерските екрани од кога било досега.

Ако ви се „истрошија“ листите со филмови кои ви ги препорачале или сами сте ги побарале, Bright Side предлага една интересна листа филмови со неочекувани пресврти што ќе ве држат во неизвесност и залепени за екранот до самиот крај.

Predestination

Во иднината научниците ќе создадат машина за патување низ времето, со што ќе биде можно враќање во минатото за да ги исправиме грешките и со тоа да ги смениме последиците. Ја следиме приказната на агент кој оди на низа сложени патувања низ времето за да спречи идните криминалци да извршат злосторства, а неговата последна задача ќе биде потешка од очекуваното.

Side Effect

Откако нејзиниот сопруг ќе се врати од затвор, Емили почнува да страда од депресија, а психијатар ѝ препишува нов експериментален лек. Сепак, она што Емили не го знае е дека лекот има несакани ефекти што ќе предизвикаат уште поголеми проблеми.

Fracture

Јавен обвинител ќе се најде во неочекувана игра на „мачка и глушец“ со богат човек кој ја убил својата сопруга, но се обидува да се спаси од затвор.

Wild Things

17-годишната Кели се вљубува во својот професор Сем и се обидува на сите начини да го привлече неговото внимание, но безуспешно. Тогаш решава да се одмазди за невозвратеното внимание.

1408

Познатиот писател Мајк Енслин пишува книга за натприродни феномени. За потребите на книгата одлучува да ја помине ноќта во озлогласената хотелска соба 1408, но не знае каков кошмар ќе го снајде таму.

13 Sins

Елиот е продавач кој западнал во долгови, а неговиот живот се менува во моментот кога ќе добие повик во кој ќе му бидат ветени богати награди доколку исполни 13 предизвици, но ситуацијата брзо добива мрачен пресврт.

Kein System ist Sicher

Бенџамин е млад компјутерски генијалец чиј здодевен живот радикално се менува кога ќе се приклучи на група хакери. Иако на почетокот сè е многу возбудливо, тој наскоро сфаќа дека е вклучен во многу опасна игра.

La piel que habito

Светски познат хирург открива како да се направи вештачка човечка кожа. Иако ги убедил колегите доктори дека експериментира само врз глувци, тој скришно држи во заробеништво една млада жена, која е всушност неговото лабораториско заморче.

Smokin' Aces 

Кога еден поранешен штитеник на мафијаш одлучува да сведочи на суд, неговиот живот се превртува наопаку. Мафијата нуди милион долари за неговата глава, а ФБИ очајно се обидува да го заштити.

Man on a Ledge

Поранешен полицаец, обвинет за злосторство што не го сторил, решава да се самоубие, а полициски психолог се обидува да го одврати од тоа, но наскоро сфаќа дека неговите мотиви се различни од оние што се чини на прв поглед.

реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе