10 намирници кои ги зајакнуваат коските и мускулите

За да влезете во форма и да ги зајакнете коските и мускулите, покрај редовната физичка активност важна е и исхраната. Одредена храна може да ви биде особено корисна во овој процес.

Иако и калциумот и витаминот Д може да се земаат во суплементи, сепак најдобро е да ги внесувате преку природна исхрана. Кога станува збор за зајакнување на коските, ова се намирниците што треба почесто да ги јадете:

Јогурт - збогатен е со витамин Д и калциум, за кој е познато дека штити од остеопороза.

Млеко - основната храна во исхраната на децата, која многу возрасни забораваат да ја пијат. Чаша обезмастено млеко содржи 30% од препорачаната дневна доза на калциум. Купете млеко збогатено со витамин Д и ќе добиете уште повеќе придобивки.

Лосос и туна - не само што се добри за срцето, туку и за коските. Исто така, содржат и големи количини на витамин Д.

Спанаќ - освен магнезиум и витамин Д, содржи и витамин К, кој спречува скршеници и ја зголемува густината на коските.

Сок од портокал - истражување спроведено во САД покажа дека овој сок ги штити коските исто како и млекото. Воедно, одличен е извор на витамин Ц.

Вежбањето во теретана е идеално за градење мускули и издржливост, но ако не се храните добро, трудот нема да ви се исплати. Исто како што на вашите коски им треба витамин Д и калциум, на вашите мускули им требаат протеини за да останат силни и здрави. Најдобрите извори на протеини се:

Посно месо - односно месо кое содржи мала количина маснотии. Ова вклучува пилешко и црвено месо.

Риба - лососот е одличен извор на посни протеини.

Грчки јогурт - чаша грчки јогурт содржи приближно 24 грама протеини. Јадете го со свежо овошје или јаткасти плодови за да го подобрите вкусот.

Јајца - иако можете да го намалите внесот на калории ако ги јадете само белките, жолчката е поздрава бидејќи содржи калциум и протеини.

Путер од кикиритки - одличен е кога сакате здрава ужина и немате време да подготвите поголем оброк. Можете да го намачкате на јаболко.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Здравје

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Read more

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Read more
 

Магазин

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе