10 причини зошто треба почесто да уживате во сексот

Истражувањата покажаа дека сексот не само што е неопходен поради задоволство, туку и за подобрување на здравствената состојба.

Одвоивме 10 причини зошто треба почесто да уживате во креветот:

1. Ќе го подобрите имунитетот

Редовниот секс ја зацврстува врската, но и го подобрува здравјето. Нивото на имуноглобулин А, кој штити од грип и настинки, се активира со почестото водење љубов (барем двапати неделно).

Затоа, наместо да јадете ѓумбир и земате витамин Ц, водете почесто љубов.

2. Го намалува ризикот од срцев удар

Научници открија дека луѓето кои имаат секс трипати неделно или повеќе, двојно помалку имаат ризик од срцев и мозочен удар.

3. Подмладува

Заборавете на ботокс, скапи креми и таблети. Студија на шкотски научници покажа дека луѓето  кои водат љубов четири пати неделно изгледаат 7 до 12 години помладо од вистинската возраст, работата на тестостеронот, колагенот и естрогенот ја прави кожата еластична и мазна, а косата густа и свилена.

4. Сексот е подобар од парите

Според американски истражувачи, сексот ги прави луѓето посреќни отколку парите

5. Го продолжува животот

Здравото срце, циркулација и позитивните емоции додаваат години на вашиот живот.

6. Го нормализира циклусот

Сексот го регулира производството на хормони кои за возврат го регулираат менструалниот циклус.

7. Ја подига самодовербата

Ништо не е толку релаксирачко како секс со саканата личност. А, кога е се добро во креветот, тоа дава доверба и во себе и секојдневниот живот.

8. Се бори против менталниот умор, анксиозноста и депресијата

Природата не измислила подобар антидепресив. Благодарение на ендорфинот, водењето љубов го одвлекува вниманието од сите проблеми подобро отколку кој било тренинг или вежби за дишење.

9. Одличен лек против болка

Бројни студии покажаа дека окситоцинот произведен во текот на оргазам совршено ги блокира рецепторите за болка. Затоа, пред да земете таблети, пробајте го овој пријател и проверен лек.

10. Сексот е замена за тренинг

Оние кои не сакаат теретана и не брзаат на лента за трчање ќе бидат среќни со фактот дека висококвалитетниот секс е еднаков на тренинг. Во текот на сексуален однос во просек се трошат околу 300 калории, што е скоро како половина час трчање.

Се трошат калории, се затегнуваат мускули, а грбот се зајакнува.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе