10 придобивки од трчањето кои ќе ги почувствувате од првиот ден

А.С.
/ 08.05.2022 / 12:11

Иако нема нужно веднаш да се чувствувате физички поподготвени, некои од придобивките од трчањето се речиси моментални.

Од зголемена концентрација до подобар сон, различни придобивки засновани на научни докази се достапни по само неколку кругови во паркот.

Посреќни сте

Поведрото расположение не е резервирано само за искусните тркачи. Неколку кругови околу игралиштето или кратки серии покрај плажа се доволни да ви го подобрат денот, а да ви го подигнат расположението како еден вид природен антидепресив, покажа истражувањето на Универзитетската болница Каролинска.

Го ублажува стресот

Само 20 минути трчање се доволни за да се ублажи стресот од извршување на обврските на работа, покажа студијата на Кралскиот колеџ во Лондон.

Трчањето согорува калории

Колку калории согорувате зависи од вашата тежина, темпо и време на трчање.

Ги подобрува учењето и меморијата

Кога ќе почнете да трчате веднаш откако ќе научите нешто ново, ќе ги обработувате и задржувате информациите многу поефикасно отколку да поминувате време играјќи компјутерска игра, заклучува студијата објавена во списанието Cognitive Systems Research.

Трчањето го намалува воспалението

Само 20 минути трчање го потиснува воспалението, откри Универзитетот во Калифорнија. Кога воспалението станува хронично, предизвикува оштетување што доведува до сериозни здравствени состојби како што се срцеви заболувања, дијабетес, рак и артритис.

Квалитетот на сонот се подобрува

Трчањето наутро го подобрува вашиот сон следната ноќ, според студијата објавена во International SportMed Journal. Не само што ќе заспиете побрзо, туку и ќе спиете подолго и ќе уживате во поцврст и помирен сон.

Метаболизмот се подобрува

Трчањето ги стимулира вашите метаболички процеси со зголемување на производството на хормонот FGF21, според истражувањето објавено во Journal of Clinical Investigation Insight. FGF21 влијае на вашата желба за слатка храна и пијалоци со контролирање на вашата желба.

Зголемена енергија

Дали сте исцрпени, преморени и ги искусувате кумулативните ефекти од лошиот сон? Трчањето е решението, велат експертите. 20 минути трчање со низок или умерен интензитет го зголемуваат нивото на енергија за 20 отсто, покажа студија на Универзитетот во Џорџија.

Ја крева самодовербата

Трчањето го надува вашето его, без разлика дали навистина губите маснотии, градите мускули или ја зајакнувате вашата кондиција, покажа мета-анализата објавена во Journal of Health Psychology.

Ја зголемува концентрацијата

Само 12 минути трчање се доволни за да се подобри вашата способност да се задржи фокусот на задачите, открија истражувачите од колеџот Дартмут.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Фит

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе