12 работи што зиме треба да ги имате во автомобилот

Зимата е пред нас, но иако времето сѐ уште не им прави проблеми на возачите, сите знаеме дека штом ќе падне првиот снег, на нашите патишта настанува хаос.

Зимата е најнезгодната сезона за возење, време кога е поверојатно да се случат сообраќајни незгоди и дефекти на автомобилите, а може да заглавите и во снежна бура...

Накратко, зимата крие многу опасности за возачите, а за да ја поминете што побезбедно, ви препорачуваме секогаш да ги имате во автомобилот овие 12 работи кои би можеле да ве спасат доколку се случи нешто неочекувано и да ви го олеснат зимското секојдневие.

1. Батериска лампа

Батериската лампа би можела да се покаже како многу важна во случај автомобилот да ве изневери во текот на ноќта надвор од урбаните средини. Покрај тоа што ќе ја користите за да го осветлите она што го сакате или ви треба, можете исто така да им сигнализирате на другите дека ви треба помош. Секако, модерните мобилни телефони имаат и светла, но зошто да ја трошите нивната батерија во ситуација кога сигурно многу повеќе ќе ви треба за итни повици.

2. Песок или сол

Во текот на зимата секогаш во багажникот треба да има вреќа со песок или сол. Доколку се заглавите во снег или мраз, посипете пред и зад тркалата, со што ќе се подобри држењето на гумите и многу полесно ќе се извлечете од непријатната ситуација.

3. Лопата за снег

Понекогаш снегот толку силно паѓа што многу се натрупува околу паркираниот автомобил, па повеќе не можете да го движите. Лопата за снег е најдоброто решение овде, а може да ви помогне и кога случајно ќе се заглавите во снегот.

4. Стругач за мраз

Ова мора секогаш да биде во автомобил во зима. На сите им е јасно зошто.

5. Кабли за палење на автомобил

Зимата и ниските температури се најголемиот непријател на акумулаторите на автомобилите. Дури и ако е нов, поголема е веројатноста да откаже зиме отколку во остатокот од годината. Ако акумулаторот ви е постар, проблемот е уште поголем. Погрижете се да ги купите вистинските кабли, најевтините и најтенките модели сигурно нема да помогнат кај повеќето дизели и појаки бензински мотори.

6. Вода и храна

Секогаш треба да имате неколку литри вода во вашиот автомобил како резерва за најлошото сценарио. Ако заглавите во снежна бура, водата барем ќе ве спаси од жед, а храната ќе ви ја даде потребната енергија. Најдобро е во автомобилот да имате храна што нема брзо да се расипе, како што се енергетски плочки или грицки.

7. Ќебе/покривка

Ќебето или покривката не само што ќе ве спасат од студот ако автомобилот ви откаже, а помошта е далеку. Тие се исто така корисни ако треба да ползите под автомобилот за да направите некои мали поправки што ќе ви овозможат да го продолжите патувањето.

8. Зимска облека и чевли

Не е на одмет во багажникот да имате дополнителна облека и чевли прилагодени на зимските услови. Ако се најдете во неволја, тие би можеле да бидат многу корисни.

9. Полнач за мобилен телефон

Кабелот за полнење на телефонот може да ве спаси во најлошите ситуации кога батеријата на мобилниот ви е при крај, а се обидувате да повикате помош. Се разбира, ако автомобилот работи. Затоа не е лошо со кабелот да имате и пренослив полнач.

10. Основен алат

Може да биде корисен за помали поправки на автомобили во текот на целата година, но најважно е во текот на зимата кога е поверојатен дефект, а неговите последици можат да бидат многу поопасни.

11. Ланци за снег

Дури и кога имате добри зимски гуми, може да дојде до ситуација кога тие не се доволни. Соодветните ланци се добар додаток на багажникот на вашиот автомобил, можеби ќе ви затребаат.

12. Јаже за влечење

Порано беше дел од задолжителната опрема, но денес само неколку луѓе го имаат во својот автомобил. Треба да го имате со себе во текот на зимата, може да ви помогне да ве извлече некој кога ќе заглавите во снег или мраз.

Тагови
реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе