20 години cinEdays: Доделени наградите на јубилејното издание

Александра Спасеска
/ 22.07.2021 / 12:25

Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20. Меѓународен фестивал за европски филм cinEdays, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој поради временските услови продолжува со програма уште денеска.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин - актер, Зејнеп Атакан - продуцентка и Марисела Росети, одговорна за LUX Award (Лукс награда).

„Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите 9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата!“

Remote video URL

Жирито одлучи да ги додели следниве награди:

Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли.

Во образложение за филмот, жирито вели:„Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума.“

Во „SEE програмата“, награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик.

За кој жирито вели: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт.“

Програмата на „cinEdays“, за вечерва 22 јули (четврток), е со почеток од 20:30 на POP UP локацијата кај езерце Градски парк каде ќе ги гледаме кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer's Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. мај, Тhe New Beginning.

Исто во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно, каде го гледаме последниот дел од Еко програмата, селекција на Ехо фестивал на планински филм: „On Thin Ice“, во режија на Henry M. Mix и „Mountain, Priest, Son“, во режија на John Seddon и Vaibhav Kaul.  По двете проекции, во 22 часот следува и филмот „Уште една тура“ на Томас Винтерберг. 

Еко програмата e поддржана од UNICEF и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе