2020: Ужасна година, одлични серии

Ова беше година за паметење, и тоа во најлоша смисла. Но, 2020 година донесе и одлични серии со кои главно го поминавме времето затворени во четири ѕида, криејќи се од другите луѓе и од короната.

Треба да нагласиме дека ова не е листа на „најдобри серии“ затоа што е толку субјективна работа. Ова е едноставно избор на серии за кои најмногу се пишуваше, кои станаа огромен хит, собраа одлични критики или одеднаш се појавија и ги освоија гледачите ширум светот без помпа.

Дали се и најдобрите? Можеби. Дали ја одбележаа оваа година? Дефинитивно.

Tiger King (Netflix)

Една од првите „карантински фасцинации“ беше неописливо лудата приказна за сопствениците на приватни зоолошки градини и нивните долготрајни расправии кои кулминираа на неколку подеднакво вознемирувачки начини. Секако, „стариот добар американски метод“ ги има така подредено бизарните ликови да станат уште побизарни, но ќе им простиме, бидејќи на крајот на краиштата серијата е едноставно премногу забавна.

Remote video URL
The Mandalorian (Disney +)

Првата сезона беше одлична и многумина се вљубија во веројатно најдобриот спин-оф на популарната филмска франшиза. Сепак, требаше уште една сезона да се сфати дека не станува збор за среќа, туку за несомнен квалитет, оригиналност и невидена почит кон оригиналниот серијал Star Wars.

Remote video URL
Lovecraft Country (HBO)

Без разлика дали ја сакате или не можете да ја поднесете, Lovecraft Country стана серијата за која сите зборуваат. Оваа комбинација на хорор и научна фантастика спакувана во „посвета“ за Lovecraft со брутален осврт на општеството, е сѐ само не концепт што веќе сте го виделе којзнае колку пати. Еинственото прашање е дали сте отворени за ова или сте наклонети кон страната на оние кои го мразат овој современ пристап кон жанрот.

Remote video URL
Perry Mason (HBO)

Малку е неверојатно дека ќе најдете негативни критики насочени кон обидот да се оживее приказната за омилениот ТВ-херој. Објективно гледано, ова е добро напишана и одглумена серија на која очигледно не се штедеше. Дали е ова Пери Мејсон на кој е навикната публиката? Далеку од тоа. Дали е ова feelgood серијата на годината? Спротивно од тоа. Дали е квалитетна? Апсолутно.

Remote video URL
The Queen's Gambit (Netflix)

2020 донесе многу хитови, но ретко која серија нè изненади како онаа за шахистката и нејзината борба против зависноста. Стилски совршена, одлично напишана, полна со феноменални актерски изведби и на некој необичен начин речиси хипнотизирачка серија.

The Boys (Amazon)

Се чини речиси неверојатно да направите серија што ќе се издвојува во морето суперхеројски серии каде се чини дека нов наслов „никнува“ секој ден, но тоа ѝ успеа на серијата The Boys. Некои ќе речат дека ова е Watchmen без излишната филозофија, но далеку повеќе гледачи ќе речат дека нема ништо што е толку забавно како The Boys. Уште поважно, втората сезона е уште полуда.

The Last Dance (ESPN)

Без разлика дали следите кошарка или не, приказната за животот и кариерата на Мајкл Џордан е фасцинантен поглед на спортската легенда и неговите, на моменти, болни опсесии. Иако можеби најмногу привлекува внимание во моментите кога на легендарниот кошаркар ќе му се каже нешто што можеби не е ни свесен дека го објавил во јавноста, секако е интересно е да се види неговата страна на приказната.

Remote video URL
I May Destroy You (HBO)

Приказната за Арабела, писателка која ќе биде дрогирана во еден бар и силувана, по што се обидува да се потсети на идентитетот на нејзиниот силувач, на почетокот можеби ќе ви изгледа како премногу тешка тема или барем тема што среде движењето #metoo може да стане експлоататорска пропаганда. Сепак, серијата е сè само не тоа, а под мрачната тема лежи искрен хумор и приказна за пријателството.

Remote video URL
How to With John Wilson (HBO)

Тешко е да се опише овој документарен серијал затоа што Вилсон или има целосно свеж пристап, или пристап на репортер од старата школа што речиси сме го заборавиле. Она што тој успева да го направи е да изнесе неверојатни - но и неверојатно човечки - приказни за луѓето што ги среќава (најчесто во Њујорк). Првично гледате приказна за тапацирање столици, а сето тоа завршува со дискусија за филмот „Parasite“ со средовечен маж кој ја претставува својата машина за обновување на кожичката на пенисот.

Remote video URL
The Good Lord Bird (Showtime)

Кога ќе прочитате дека ова е серија за робовите за време на Граѓанската војна, може да добиете погрешен впечаток дека ова е уште еден мрачен потсетник на темната страна на американската историја од која треба да научиме лекција, но овој passion project на Итан Хок е многу повеќе од тоа и станува збор за мрачна комедија која крие многу повеќе отколку што ќе си претпоставите на почетокот.

Сметаме дека треба да ги спомнеме и сериите: The Undoing, I Know This Much is True, Away, PEN15, Mythic Quest, High Fidelity, I'll Be Gone in the Dark, Normal People, Upload, Mrs. America, The Outsider, A Teacher, McMillions, Brockmire, What We Do In The Shadows, Ramy...

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе