2021, година на вселенска трка на милијардерите: Напредок или само големо его?

Вакви патувања ќе можат да доживеат само оние кои можат да одвојат големи суми пари, но подоцнежните вселенски тури би можеле да бидат возможни за оние кои не се милионери. Сепак, додека не воведат економска класа, богатите ќе останат главни клиенти.

Оваа 2021 година, меѓу другото, ќе остане позната и по тоа што во вселената полетаа цивили - богати цивили.

Сѐ почесто се тврди дека вселенскиот туризам е индустрија на иднината, па се планираат вселенски хотели, приватни вселенски станици и други градби кои би можеле да овозможат малку подолг престој во вселената.

Индустријата NewSpace го гледа овој вид туризам како важна индустриска гранка во иднината, па се очекува до 2030 година да достигне вредност од околу три милијарди долари.

Компаниите како SpaceX, Virgin Galactic и Blue Origin веќе тестираат вселенски летала што ќе можат повторно да се користат, со што патувањето во вселената ќе биде подостапно за не-астронаутите.

Ваквите патувања и понатаму ќе бидат возможни само за оние кои можат да одвојат големи суми пари, но подоцнежните вселенски тури би можеле да бидат возможни за оние кои не се милионери. Сепак, додека не воведат економска класа, богатите ќе останат главни клиенти.

Токму така ќе се памети 2021 година, бидејќи сопствениците на приватни вселенски компании успеаја да испратат цивили, астронаути, богатaши, но и самите себе во вселената.

SpaceX работеше напорно цела година на ракетата Starship која може да превезе до 100 патници, но сѐ остана на пробни летови. И покрај тоа, НАСА потпиша договор вреден 331,8 милиони долари со компанијата во март, а оваа се обврза да ја испрати новата станица Gateway во орбитата на Месечината. SpaceX доби уште 2,9 милијарди долари од агенцијата во април за да го испрати лендерот Artemis на Месечината.

Blue Origin го крена гласот против договорот за Artemis, а Џеф Безос ѝ понуди на НАСА две милијарди долари за да го препушти проектот на неговата компанија. Така започна конфликтот меѓу двајцата најбогати луѓе на Земјата - Маск и Безос, а се прошири и на други проекти, пред сѐ на Starlink.

Remote video URL

Покрај сите перипетии, годината успеа да произведе уште нешто - вселенско патување за „обичните луѓе“. Па, не многу обични - за народ со длабок џеб. Пред тоа, SpaceX успеа да испрати астронаути на Меѓународната вселенска станица, а во септември и цивили летнаа во вселената.

Мисијата SpaceX мисијата Inspiration4 е првиот лет кој однесе група аматерски астронаути во вселената. Патувањето не послужи само за задоволство на богатите, туку и како експеримент. Мисијата заврши по три дена, а четворицата патници успешно слетаа на Земјата.

По историскиот лет, вселенските туристи слетаа без последици, а заинтересираните можеа да го следат нивниот пат и да ги гледаат како гледаат филмови. Леталото се движеше целосно автономно, а експертите најмногу се плашеа за нивното враќање во атмосферата на Земјата. Сè помина без проблеми, па првите четворица вселенски патници се вратија на Земјата на 19 септември. Мисијата да орбитира околу планетата и без никакви професионални астронаути во леталото помина без тешкотии.

Remote video URL

Безос потоа го направи следниот чекор и се спакува самиот во една од неговите ракети New Shepard. Со него полета и брат му, како и младиот Оливер Дејмен, чии родители на тоа патување потрошиле 28 милиони долари.

Тука е и Virgin Galactic, која од 2019 година објавува дека сака да стане првата вселенска туристичка агенција со која јавно се тргува, бидејќи Social Capital Hedosophia Holdings Corp треба да купи 49% од компанијата основана од Ричард Бренсон во 2004 година. Договорот вклучува и инвестиција од речиси 800 милиони долари, кои ќе се користат за финансирање на вселенски летала додека летовите не почнат да остваруваат профит. И покрај тоа, луѓе сè уште не полетале кон вселената, бидејќи сите тестови беа неуспешни.

Remote video URL

Сепак, експертите посочуваат дека вселенскиот туризам нема значително да се подобри пред почетокот на следната деценија, а цената за идните летови на Virgin Galactic укажува на тоа - скокна од 250 на цели 450 илјади долари, што значи дека нема доволно патници кои можат да потрошат четвртина милион долари на вакви егзотични патувања.

За крај, да го споменеме ова - Илон Маск не бил на ниту еден негов лет, но резервирал билет за претстојната турнеја Virgin Galactic. Здрава конкуренција.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе