2.500 примероци Hyundai IONIQ 6 за Европа распродадени за помалку од 24 часа

Hyundai понуди 2.500 примероци од првото издание на електричниот модел IONIQ 6 на клиентите во Германија, Велика Британија, Франција, Норвешка и Холандија.

По одличните продажни резултати што ги постигна Hyundai во Европа со електричниот модел IONIQ 5, на клиентите во (досега) пет европски земји им беше понудена бројно ограничена количина на моделот IONIQ 6, а сите 2.500 примероци на најновиот „автомобил на струја“ на Hyundai беа распродадени за помалку од 24 часа од отворањето на онлајн продажбата.

Со првото издание на „шестката“ на електричен погон, Hyundai го понуди најдобриот пакет опрема и погонска конфигурација составена од два електромотори, погон преку двете оски и батерија со капацитет од 77,4 kWh. Електричните мотори нудат 325 коњски сили и 605 Nm вртежен момент, а капацитетот на батеријата обезбедува опсег до 519 километри (WLTP).

Поставен на специјални црни алуминиумски тркала од 20 инчи, IONIQ 6 First Edition се нуди во четири бои на каросеријата, а темните тонови доминираат во богато опремената, пространа кабина обложена со кожа.

За Hyundai IONIQ 6 First Edition купувачите во Германија (каде ќе завршат 1.000 од 2.500 примероци) платиле 66.400 евра, а автомобилите ќе им бидат испорачани во март и април следната година. Покрај првото издание кое Hyundai го понуди на купувачите во споменатите пет земји, кон крајот на годината ќе започне продажбата и на другите верзии на моделот IONIQ 6 во Европа.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Авто новости

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе