28-годишна Македонка хоспитализирана по примена вакцина на AstraZeneca во Србија

Млада жена на возраст од 28 години од Македонија е хоспитализирана, откако се вакцинирала со вакцината на AstraZeneca во Србија, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека девојката вчера е хоспитализирана со тромботичен ефект којшто се поврзува со примена една доза на вакцината на AstraZeneca. Претходно таа немала заболувања. Проблемите кај девојката се појавиле по шест до седум дена од нејзиното вакцинирање.

Денеска во нашата земја започна вакцинирањето со вакцината AstraZeneca, на лица постари од 77 години.

„Вакцинирањето засега тече без проблеми, а состојбата со вакцинацијата ќе мора да се следи со голема претпазливост“, истакна Филипче.

„Ќе чекаме потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, денеска имаме закажано состаноци со МАЛМЕ, а ако треба ќе се обратиме до Европската агенција за лекови. Има ситуации каде вакцината на AstraZeneca предизвикува тромботична реакција кај млади луѓе, иако се ретки, ние сакаме да бидеме претпазливи. Засега нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави, станува збор за ретки случаи“, истакна министерот.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе