4 декември 1946, произведен бил првиот Москвич
На денешен ден во 1946 година во московската фабрика за малолитражни автомобили, „АЗЛК“, произведен бил првиот автомобил Москвич-400.
Автомобилот бил предвиден за 4 лица. Развивал максимална брзина од 80 километри на час и многу личел на германскиот Opel Kadett K38.
Сталин инсистирал на производство на вакви автомобили затоа што бил голем љубител на Opel, откако го видел на изложба во Кремљ во 1940 година. Поради Втората светска војна проектот бил одложен, но во 1947 година московската фабрика почнала со негово производство. Истото било запрено во 1954 година кога го заменил Москвич-401 со посилен мотор. Вкупно во фабриката се произведени 216.000 седани и 17.000 кабриолети. Новиот Москвич-402 се појавил во 1956 година.
Москвич била државна фирма која во 1991 станала приватна, а банкротирала во 2002. Денес, брендот Москвич е во сопственост на Volkswagen.