5 неверојатни места кои зиме стануваат волшебни

Иако, се разбира, се убави во текот на целата година, овие места го покажуваат најдоброто лице кога се покриени со снег и мраз.

Природата на овие места маѓепсува во текот на целата година и сите годишни времиња, но зимата им дава посебен шарм.

Еве неколку навистина волшебни места кои стануваат уште поневеројатни кога ќе започне зимата:

Тахо, Калифорнија, САД

Прекрасниот пејзаж на езерото Тахо (Lake Tahoe) е еден од оние кои го покажуваат својот целосен потенцијал во зима.

Околу него има десетина скијачки центри, а градот има и топли извори, видиковци и жив ноќен живот.

Секоја година на езерото Тахо паѓаат околу 315 сантиметри снег, така што секогаш можете да направите снешко.

Гулфос, Исланд

Водопадот Гулфос (Gullfoss) се наоѓа на југозападниот дел на Исланд во кањонот на реката Хвитау (Hvítá), која се храни од Лангјекул (Langjökull), вториот по големина глечер во Исланд.

Водопадот Гулфос (Gullfoss) се наоѓа на југозападниот дел на Исланд во кањонот на реката Хвитау (Hvítá), која се храни од Лангјекул (Langjökull), вториот по големина глечер во Исланд.

Иако е моќен во лето, овој водопад е уште повпечатлив во зима кога е делумно замрзнат и кога водата што паѓа од височина од 30 метри добива живи нијанси на сина и тиркизна боја. Исландското име во превод значи Златни водопади.

Свалбард, Норвешка

Свалбард (Svalbard) е една од најсеверните населени области во светот, што го прави одлична локација за набљудување на северната светлина. Поради својата локација, градот има и поларна ноќ, која трае од средината на ноември до крајот на јануари. За тоа време сонцето не изгрева, а најсветло што може да се види е синиот самрак. Сепак, недостатокот на сончева светлина само ги зголемува шансите да се забележи аурора бореалис.

Блед, Словенија

Во текот на зимата, езерото Блед (Bled) на северозападот на Словенија станува сино како мраз бидејќи ги рефлектира снежните Алпи.

Бајкалско Езеро, Сибир, Русија

„Светото Море“, како што Бајкалското Езеро (Oзеро Байкал) го нарекувале домородните народи кои го населувале регионот, е најдлабокото слатководно езеро во светот и секако е атракција во секое време од годината.

Но, во зима површината на водата станува километри долго лизгалиште. На него можете да се возите со кочии со кучиња или коњи и со моторни санки, а има и нуркање во мраз и рафтинг на места каде што водата не е замрзната или мразот е пробиен.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе