5 работи што треба да ги знаете пред да му верувате на било кој суплемент

Колаген. Пробиотици. Секоја буква од витамин под сонцето. Вашата локална аптека е полна со нив - но колку всушност прават за вас?

Што ако можете да земете една таблета и одеднаш да имате повеќе енергија, подобра кожа и поздраво срце? Тоа е ветувањето што ме повикува секогаш кога одам покрај рсфтовите со суплементи во мојата локална аптека - исполнета со капсули со рибино масло, бокали со колаген во прав, магнезиум за џвакање и секоја буква од витамин под сонцето, пишува Ејми МекКивер за National Geographic.

Тоа е примамливо. Затоа, не е ни чудо што се предвидува дека суплементите ќе се зголемат во глобалната индустрија на 200 милијарди долари до 2025 година.

Но, отсекогаш сум имала здрава доза на скептицизам за тоа колку некој од овие додатоци навистина може да направи и дали вреди за цената. Ова се некои од сознанијата од нашето претходно известување за суплементите - со многу важно предупредување дека секогаш треба прво да се консултирате со вашиот лекар за здравствените одлуки.

1) Суплементите не се строго регулирани

Речиси секоја приказна што ја објавиви National Geographic за суплементите погодува една клучна точка: Управата за храна и лекови на САД не ги регулира додатоците во исхраната на ист начин како што ги регулира храната и лековите - што значи дека компаниите не треба да поднесуваат производи до ФДА за одобрување пред да ги пуштат во промет.

Ова може да доведе до некои погрешни етикети. Џен Месер, регистрирана диететичарка и избрана претседателка на Академијата за исхрана и диететика во Њу Хемпшир, му посочи на известувачот на National Geographic, Дерил Остин, анализа на 57 додатоци во исхраната. Откри дека 84% не ја содржат количината на состојките што се тврди, 40% немаат ниту една од состојките што се тврди - а 12% „содржеле непријавени состојки, што е забрането од ФДА“, наведе таа во статијата од ноември 2023.

Тоа исто така значи дека компаниите не треба да достават до ФДА докази дека нивните производи всушност го прават она што нивните етикети тврдат дека го прават. „Во моментов е Див Запад“, рече Дејвид Хибет, професор по биологија на Универзитетот „Кларк“ во сторијата од јануари 2024 за растечкиот пазар на додатоци за печурки како чага и лавовска грива. „Доказите се сè уште многу, многу ограничени и, секако во мојот ум, не го гарантираат многу силниот маркетинг на овие производи како додатоци во исхраната“.

2) Не треба секој да ги зема - дури ни мултивитамините

Пораснавме мислејќи дека земањето мултивитамини на дневна база е олицетворение на здравјето, но ова не е точно за секого, објави National Geographic во јуни 2023 - и треба да се консултирате со лекар пред да започнете со дневен мултивитамински режим.

Постојат неколку причини зошто. Како прво, мултивитамините може да се мешаат со одредени лекови како антибиотици или разредувачи на крв. Дополнително, луѓето со заболување на црниот дроб или бубрезите можеби нема да можат ефикасно да ги исчистат високите нивоа на хранливи материи содржани во мултивитамините. Конечно, можно е секој да добие премногу од добрата роба.

На крајот, како и со сè, се сведува на вашите индивидуални потреби.

3) Телото не ги разградува сите витамини на ист начин

Но, не треба да ги имате на ум само вашите лични здравствени фактори. Некои витамини исто така различно се апсорбираат во телото - што може да направи голема разлика во одлучувањето дали да ги земате.

Експертите предупредија во сторијата што National Geographic ја објави во ноември 2023 дека треба да се биде особено внимателен со витамините А и Е бидејќи тие се растворливи во масти. Ова значи дека телото ги складира овие хранливи материи во вашиот црн дроб и масните ткива за понатамошна употреба наместо брзо да ги разградува и метаболизира како што тоа го прави за другите видови витамини. Големи дози од било која од нив може навистина да ви наштетат.

4) Можно е да претерате

Како што авторката веќе алудираше, постои такво нешто како витаминска токсичност - или консумирање толку многу од овие хранливи материи што тие всушност почнуваат да ви штетат наместо да ви помагаат.

Земете го, на пример, витаминот А: Надминувањето на дневната горна граница од 3.000 микрограми на крајот може да предизвика проблеми како болки во зглобовите, оштетување на црниот дроб и вродени дефекти (кај плодот на бремените жени). Високите дози на витамин Е може да го попречат згрутчувањето на крвта, предизвикувајќи хеморагии, меѓу другите проблеми. А вишокот на витамин Д може да предизвика гадење, мускулна слабост, конфузија, повраќање и дехидрација.

5) Храната е најдобриот начин за добивање на хранливи материи

Многу хранливи материи како што се колагенот и витаминот Ц се веќе изобилни во храната што ја сочинува типичната исхрана - а јадењето целосна, непреработена храна, како зеленчук и овошје богати со влакна, често е поефикасен начин за добивање на витамини, минерали и пробиотици кои му се потребни на вашето тело, рече за National Geographic нутриционистката од Кливленд, Гејл Креши во март 2023 година. „Земањето пробиотик или пробиотички додаток“, рече таа, „нема да ја поправи лошата исхрана“.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе