6 јаглехидрати што може при диета да се јадат без каење

Ф.З.
/ 07.02.2024 / 12:48

Избегнувате банани, грав и леб поради кето диетата или кој било друг план за слабеење што го следите? Ако на овој начин ги ограничувате јаглехидратите, можеби користите погрешен пристап кон исхраната.

Гравот и гумените бонбони се јаглехидрати, но се далеку од еднакви кога станува збор за нивната хранлива вредност. Истото важи и за чоколадо и банана: и двете се извор на јаглени хидрати, но нудат многу различни макро и микронутриенти.

Околу 42% од нашата исхрана се состои од јаглехидрати со низок квалитет, како што се слатки житарици и бел леб. Ова се изворите на јаглехидрати кои треба да ги ограничиме, а не овошјето и интегралните житарици.

Сепак, постојат и добри јаглехидрати што ќе ве заситат и ќе ви достават хранливи материи, а некои од нив се:

Компири

Ова важи за сите видови. За почеток, богати се со хранливи материи. Еден среден компир (со лушпа) има само 118 калории и 1 грам шеќер, а содржи 3 грама протеини, 27 грама јаглени хидрати, 2,5 грама влакна, 20% од дневната вредност (ДВ) на витамин Ц, 24% од ДВ на витамин Б6 и 11% ДВ фолати.

Кога станува збор за слабеење, компирот е единствен по тоа што има отпорен скроб. Овој специфичен тип на влакна може да го намали бројот на калории што ги обработуваме и да го зголеми чувството на ситост, заедно со другите здравствени придобивки.

Овесни снегулки

Како и компирот, овесот исто така има уникатно соединение наречено бета-глукан. Сѐ поголем број истражувања покажуваат дека бета-глуканот го потиснува нашиот апетит и ја зголемува ситоста.

Пуканки

Се чини дека оваа информација секогаш изненадува. Да, пуканките се хранлив извор на јаглехидрати - тие дури се и житарици од цело зрно. Сепак, изберете мудро. Една порција пуканки испукани со воздух има само 92 калории и 1 грам масти, додека обезбедува 19 грама јаглени хидрати и 4 грама влакна. Сепак, истата големина на порција пуканки во кино има 276 калории, 25 грама масти, 15 грама заситени масти, 13 грама јаглени хидрати и 2 грама влакна, според УСДА.

Леб од цело зрно

Целото зрно значи дека е недопрено, што гарантира дека ги добивате сите влакна и хранливи материи. Целите житарици, кои дефинитивно вклучуваат леб од цели зрна, можат да му дадат скромен поттик на вашиот метаболизам, според студијата од март 2017 година објавена во American Journal of Clinical Nutrition.

Малини

Малините се полни со влакна, кои се клучна хранлива материја кога станува збор за слабеење. Всушност, тие се еден од плодовите со најмногу влакна - 8 грама по шолја. Јадењето една шолја малини обезбедува околу една третина од вкупниот дневен внес на влакна, за повеќето возрасни.

Мешунки

Тука спаѓаат: грав, леќа, соја, наут, бакла, грашок, кикиритки. Кога зборуваме за губење килограми, добро е да додадете мешунки во вашата чинија. Оние кои јаделе мешунки (три четвртини од чаша дневно) изгубиле повеќе тежина од оние кои не јаделе мешунки, без оглед на тоа дали диетата била насочена кон губење на тежината, според анализата од март 2016 година во American Nutrition.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе