6 помалку познати факти за Долината на смртта

Пустинската Долина на смртта во источниот дел на Калифорнија е место на ектремни температури, висина и животна средина што ја прави дом на некои од најспектакуларните природни и историски феномени кои некогаш се забележани на нашата планета.

1. Уметнички дела датирани од пред 3.000 години п.н.е

Некои од најстарите записи воопшто може да се најдат насликани или врежани на карпи во Долината на смртта. Се верува дека некои од овие дела се создадени од луѓе од културата на Мескит флет, кои живееле во оваа долина од 3000 п.н.е. до I век од новата ера. Сепак, се верува дека повеќето од делата се должат на културата Саратога, која живеела овде помеѓу 500 и 1000 година од нашата ера.

2. Рекорд за највисока забележана температура во САД

Долината на смртта е позната по својата суптропска пустинска клима, а посетителите можат да очекуваат топли и долги лета и кратки зими.

Меѓутоа, на 10 јули 1913 година во Фернис Крик, област во Долината на смртта, била измерена температура од 56 степени Целзиусови, што е највисоката температура досега забележана во САД.

3. Дом на над 1.000 различни видови растенија

И покрај екстремните температури и пустинската средина, Долината на смртта има изненадувачки развиен растителен свет. Некои од нив се формираат на дното на долината и се прилагодуваат на ретките количини на врнежи со растење на неверојатно долги корени. Корените или се спуштаат до 100 метри во длабочина за да ја фатат влагата од пониските нивоа на почвата или се шират за да соберат каква било количина на влага.

Имаат и посебни листови кои полека испаруваат, што им овозможува да ја задржат влагата што е можно подолго.

4. Има повеќе од 100 градови на духови и рудници

Долината на смртта не беше само дестинација на The Lost 49ers, група пионери од источниот брег на САД, кои ја преминале долината во 1849 година за време на Златната треска во Калифорнија на нивниот пат кон златните полиња. Долината на смртта се наоѓала на рутата на многу трагачи по злато. Во текот на средината и крајот на XIX век малите градови се ширеле низ целиот регион, бидејќи сè повеќе патници почнале да ја користат долината како попатна станица. Ова станало уште повообичаено кога на запад почнале да се појавуваат илјадници рудници на злато, сребро, бакар и боракс. Сепак, примитивната технологија и недостатокот на вода го отежнувале рударството. Како што златната треска почнала да бледнее, централните градови почнале да се затвораат. Многумина се оштетени од временските услови, а некои постојат и денес.

5. Најниска точка во САД

Најниската точка во САД се наоѓа во Долината на смртта (басенот Бедвотер), која е 86 метри под нивото на морето. Има ниско ниво на лоша вода (оттаму и името Badwater - лоша вода) која не е за пиење, но привлекува флора и фауна.

6. Замокот Скоти

Вилијам Е. Скот, или Скоти, го убедиле милионерот од Чикаго, Алберт Мус Џонсон да инвестира во имот во Долината на смртта. Скоти му рекол на Џонсон дека има изобилство злато во локалниот рудник, но кога тоа се покажало како невистинито, двајцата продолжиле да се дружат и создале неверојатно пријателство.

Во 1922 година почнале да градат куќа на имотот на Џонсон од 6.070.284 квадратни метри во регионот на Грејпвајн во Долината на смртта. Користеле проточна вода за напојување на куќата, па дури имале и пелтон тркало што напојувало генератор кој се грижел за електричната енергија во куќата.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе