63.560 евра за фрлената капитенска лента на Роналдо

Капитенската лента на Кристијано Роналдо, која ја фрли на теренот кога го напушти фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Португалија во Белград затоа што не му беше признат гол, беше продадена на добротворна аукција за 63.560 евра.

Средствата од аукцијата се наменети за лекување на шестмесечниот Гаврило Ѓорѓевиќ кој боледува од спинална мускулна атрофија.

Лентата на Роналдо од тревата на белградска Маракана ја зел младиот пожарникар Ѓорѓе Вукичевиќ и ја донираше со намера да ја искористи за да му помогне на малиот Гаврило, преку аукција на специјализираниот портал Limundo. По тридневно наддавање, лентата ја купи белградската спортска обложувалница Mozzart.

Португалскиот репрезентативец ја тргна капитенската лента и ја фрли на тревата додека го напушташе теренот во судиското надополнување на квалификацискиот натпревар Србија-Португалија за СП Катар 2022. Тој претходно доби жолт картон порди протестирањето против одлуката на судијата Дани Макели да не му го признае голот.

Хуманитарната организација „Заедно за живот“ има за цел да собере 2,5 милиони евра, колку што се потребни за лекување на Гаврило. На социјалните мрежи во Србија на почетокот на аукцијата се појави покана до Кристијано Роналдо да си ја купи капитенската лента и на тој начин да му помогне во лекувањето на болното момче, но ПР тимот на Роналдо не одговори на тие повици.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе